Честитка од Трамп до шефот на држава од соседството

Честитка до шефот на државата Илир Мета, по повод 28-ми ноември Денот н независноста на Албанија и Денот на националното знаме, упати претседателот на САД Доналд Трамп.

Тој во честитката наведува дека е горд за силните односи меѓу Албанија и САД и оти Албанија останува нивен скапоцен сојузник.

„Честитки Претседателе. Горди сме за силните односи меѓу нашите два народа и значајните постигнувања кои заедно сме ги реализирале. Албанија е наш скапоцен сојузник, кој дал значаен придонес за регионалната глобална безбедност”, стои во честтката на Трамп.

Честитка до Мета упати и рускиот претседател Владимир Путин во која искажува убеденост дека развојот на кунструктивните односи и билатералната албанско-руска соработка во сите области ќе биде во интерес на народите на двете земји,но и за цела Европа.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, покрај другото во честитката наведува дека Албанија за Германија е близок доверлив партнер во Западен Балкан и драгоцен европски партнер.

„Бидете сигурни дека Германија ќе продолжи со активна поддршка за Албанија на патот кон ЕУ”, наведува Штајнмаер.

Мета честтки доби и од неговиот италијански колега Серџо Матарела, турскиот Реџеп Тајип Ердоган, кинескиот Си Џинпинг, хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, бугарскиот Румен Радев…

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*