Дали знаете што наследува бебето од мајката а што од таткото

Постојат многу гени кои се одговорни за уникатниот изглед на луѓето. Гените се мешаат и понекогаш е тешко да се одреди на кого личи детето. За некои гени, сепак, се знае дали доаѓаат од мајката или од таткото. Генетичарите се фрлија на работа и откриле дека косата најчесто се наследува од мајката. Од мајката исто така може да го добиете палецот на нозете, па и големината на стапалото – доколку сте женско. Од таткото ќе ги наследите носот и ушите. Не е правило, али многу почесто е момчињата да личат на мајките, а девојчињата на татковците.
Бојата на кожата ја одредуваат стотици мешани гени. Луѓето со светла коса и очи обично имаат синооки или зеленооки наследници. Ако еден родител има темна, а другиот светла коса, детето ќе биде со потемна коса или ќе добие мешана нијанса. Ако еден од родителите има кадрава коса, детето ќе има исто така кадрава коса. Се зависи од тоа дали има доминантен ген од мајката или таткото.
Доминантните гени се: темна кожа, темни очи, кадрава и темна коса, голем нос, дебели усни, широка брада. Од друга страна, слабите гени се: светла и црвена коса, рамна коса, сини или сиви очи, светла кожа и лева рака (левак). Начинот на кој гените ќе дејствуваат врз детето кое што тек го создава физичкиот изглед не може секогаш да се предвиди со сигурност. Физичките карактеристики на лицето се резултат на интеракции на повеќе родителски гени, така што конечниот исход не може да се знае.

 

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*