Давид Луис: Тажен ден за фудбалот (ФОТО)

Актуелниот шампион на Англија оваа сезона прикажува катастрофални резултати за разлика од минатата сезона, што беше и за очекување. Најверојатно тоа не им се допадна на челниците на клубот кои му врачија отказ на тренерот Клаудио Раниери. Овој потег ја шокираше целата спортска јавност, а свој коментар даде и ѕвездата на Челси, Давид Луис.

Давид Луис својата објава на Инстаграм ја посвети токму на италијанскиот стратег. „Целиот свет ја виде неверојатната работа која ја направивте минатата сезона и дека си добра личност. Тажен ден за фудбалот!“, напиша бразилецот.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*