Димитров: Со договорот се зацврстуваме на светската мапа како држава, никој нема да не дели и распарчува!

„Со Договорот со Грција, Македонија се зацврстува на светската мапа како држава. Никој нема да не дели и распарчува, напротив земјава станува полноправна членка на НАТО и почнува преговори со ЕУ“, изјави шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров во интервју за ТВ 24.

Димитров најави дека владата ќе води информативна кампања за референдумот, но не знаеше колку пари ќе бидат потрошени. На опозициската ВМРО-ДПМНЕ и порача да делуваат поодговорно, бидејќи овде не се работи за дневна политика, туку за иднината на Македонија.

Погледнете го комплетното интервју на министерот Никола Димитров за ТВ 24:

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*