Драма во домот на Анџелина Џоли: Највозрасната ќерка побегнала од дома

Додека е во тек разводот помеѓу познатите холивудски ѕвезди и долгогодишните сопружници, Анџелина Џоли и Бред Пит, нивната најстара ќерла Шајло одлучила да побегне од дома за да го види својот татко.

„Се разбира дека Енџи полуде. Тоа е најлошиот кошмар на секој родител“, изјави извор близок до актерката, додавајќи дека Шајло била премногу поврзана со својот татко и е фрустрирана од тоа што неможе да го гледа кога ќе посака.

„Бред не ѝ се налути на Енџи, но сепак сметаше дека е страшно што Шајло излегла незабележано од куќата со силно обезбедување, особено имајќи предвид колку Енџи е потресена за безбедноста и има ангажирано телохранители и дадилка“, додава изворот.

Оваа случка следеше неколку недели подоцна откако судот и наложил на Џоли дека ќе мора да му дозволи на Пит да ги гледа децата најмалку четири часа секој втор ден во работни денови, и 12 часа секој втор ден кога децата не се на училиште.

Џоли и Пит во 2016 година решија да се разделат после 11 години врска.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*