5.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

Фетаи: Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ перел пари преку партијата

Дојдовме до заклучок дека исказот на сведокот Рамадан Бајрами е изнуден исказ за „Сопот”. МВР и службени лица извршиле кривично дело тортура, фактите ги наведува сведокот, но и дел од службените лица, му направиле последици по психичкото здравје. Таквите дејствија се застарени за да бидат гонети, кривичното дело застарело во 2008 година.

Следната истрага, три лица за изградба на три викенд куќи во Зелениково, градење без одобрение за градба. Биле започнати со градење во 2011 година, а одобрение за градба е добиено во 2013 година, кога веќе биле завршени. Законот за градење предвидува обратен редослед, обратните дејствија се предвидени кривични дела.

Втората истрага, 4 лица, поранешни високи функционери, во втората половина од 2012

Миладиновци/штип кичево охрид, штета во буџетот во износ од 155.117.172 евра. Во постапката за избор на изведувач избегнале јавни набавки, постапиле спротивно од барањата на кинеските услови. Тројца осомничени поттикнати од првоосомничениот преговорите ги воделе со две од трите компании, иако третата компанија имала многу пониска понуда, тие не ја ни забележале нивната понуда.

Талир Незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ. Првоосомничениот како претседател на партијата ги знаел законите, тој овозможил финансирање спротивно на законските одредби. Мотивите биле од лична природа, за зацврстување на личната функција. Постои основано сомнение дека првоосмоничениот незаконски се финансирал, не ги вратил парите кај лицата или во буџетот на РМ, туку си ги задржал и овозможил комулирање на незаконски капитал за партијата. Тој сторил кривично дело злоупотреба на службената должност. Тој со цел да може да овозможи финансирање формирал група која се занимава со перење пари и овозможиле парите преку општинските комитети да бидат внесени во буџетот на партијата. Од 2009 до крајот на 2015 година преку готовински уплати биле внесени речиси 4.900.000 евра. Дел од осомничените ги пријавувале овие уплати како легални, а потоа незаконските пари ги преземале во име на партијата, а плаќале и преку жиро сметката. Плаќале сметки, хотелски услуги, купување на недвижен имот,

71 договор за недвижен имот од незаконски стекнатите средства. Не биле за целите и активностите на средствата. Дел од купениот имот не е за партиски цели и нема партиски обележја. 11 лица сториле кривично дело перење на пари, 9 лица како директни извршители, двајца како помагачи. Ова не бил единсгтвен начин. Првоосомничениот овозможил да бидат обезбедени услуги од ДГ Бетон АД Скопје, правно лице кое имало склучено договор за јавни набавки.За зградата на ВМРО-ДПМНЕ 424.733.242 денари, а 131.308.398 на сметка на ВМРО-ДПМНЕ.

Бидејќи вршеле услуги од јавни набавки, не можеле да бидат инвеститори, со што првоосомничениот требало да одбие. Вкучно се осомничени 14 лица. Оваа обемна истрага покажа дека иако ВМРО ДПМНЕ се покажувале како совесни, ја искористиле партијата и креирале мислење дека тие не вршеле криминал.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -