Г. Адеми дали и Министерството за образование стана „тендер министерство“?

Освен за потпишувањето на спогодбата за покачување на платите на просветните работници во основното и средното образование за 5% и скандалите околу тендерите за набавка на учебници од министерот за образование и наука, Арбер Адеми, не добивме информација по која програма ќе се спроведува наставата за учебната 2018/2019 година.

1. Дали само со покачувањето на платите во средното и основното образование ќе се подобри квалитетот на образование и дали наставниците ќе бидат помотивирани?!

2. Сакам да прашам со што ќе ги мотивирате професорите кои предаваат на универзитетите кои ги подготвуваат нашите академски граѓани?

3. Зошто во државата од 2009- тата година нема никаков тендер за образование или сите тендери само се преземааат од година во година и се работи по системот „повторувањето е мајка на знаењето“, па повеќе од 9 години едни исти фирми имаат тендери кои ги набавуваат книгите за основно и средно образование?

4. Симптоматично е тоа што само 20 фирми со по една понуда и 27 склучени договоти во 4 очи со министерот Адеми без објавен оглас за набавка веќе ги распоредуваат учебниците по училиштата. До каде стигнаа реформите во образованието во менување на историјата од потпишувањето на договорот за добрососедство со Р. Бугарија?

5. Како ќе се реши проблемот со училиштата кои немаат доволно ученици а имаат наставен кадар?
6. Зошто со започнување на учебната година започнаа и инфраструктурните работи на училиштата, немавте ли време цел летен распуст да ги завршите работите? Дали и Министерството за образование стана „тендер министерство“?

Г.Адеми времето минува без да се забележат реформи во образованието, само да ве потсетам ако не знаете како да се справите со овие проблеми тогаш преземете ги моделите на европските држави кои успешно функционираат како на пример германскиот, естонскиот, шведскиот па вклучително и словенскиот модел. Прашање е на воља на желба и работа!

Иако сте зафатени со референдумската кампања време е да размислувате и за образовниот процес во државата, бидејќи само со квалитетно образовани кадри можеме да застанеме рамо до рамо со нашите европски пријатели. Нашите деца се нашата иднина. Квалитетното образование придонесува и за квалитетна иднина на нашата земја и одењето чекор напред кон ЕУ семејството.

Автор: Фросина Китановска

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*