ГДУ бара ДИК да соопшти каков е избирачкиот список

Граѓанско демократската унија (ГДУ) ја повика Државната изборна комисија (ДИК) да излезе и јавно да соопшти каков е избирачкиот список за да нема сомнежи, недоразбирања, ни отворени прашања.

Дали избирачкиот список редовно се ажурирал додека немаше членови на ДИК? Што е со оние 39 илјади гласачи кои беа издвоени како спорни пред парламентарните избори во 2016 година, прашува ГДУ.

Партијата смета дека еден од основните меѓународни стандарди за добар изборен процес и за референдум е точноста на Избирачкиот список, односно довербата во него од страна на учесниците, а пред сѐ, од граѓаните.

„Во последниве неколку изборни процеси, довербата во Избирачкиот список беше сѐ помала и помала и покрај сите капацитети ставени на ДИК и помошта од голем број странски експерти. Во јавноста веќе се зборува дека со повеќе од 1.820.000 запишани гласачи списокот е нереално голем и е поголем од оној за последните локлни избори кога право на глас имаа 1.814.000. Фантомите и огромните бројки со кои се оперира пред избори сега не ги споменуваат ниту власта, ниту опозицијата, а од денеска граѓаните сами ќе ги бараат грешките во списокот. Но како да бидеме сигурни дека Избирачкиот список нема да се спомене непосредно пред референдумот или после референдумот со цел да се оспори? И воопшто како да бидеме сигурни дека тој е точен, само затоа што во моментов никој не го спори?“, наведува ГДУ во соопштението.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*