ГДУ: Македонија живее во услови на хибриден режим

Според Индексот на демократија за 2018 гoдина на реномираниот британски неделник „Економист“, Македонија повторно се наоѓа во незавидното друштво на земјите со т.н „хибриден режим“. Нашата земја постигнала скромен напредок од 10 места во споредба со 2017 година, но останува на скромното 78-мо место од 167 држави вклучени во списокот за индексирање. Од балканските земји, Македонија се наоѓа во друштвото на Црна Гора, Босна и Херцеговина и Турција. Нивото на демократија во државите вклучени во Индексот се оценува според 60 критериуми поделени во пет категории: изборен процес и плурализам, функционирање на владата, политичко учество, демократска политичка култура и граѓански слободи. Потсетуваме дека Граѓанско Демократската Унија-ГДУ уште од самото свое основање се залага за промена на начинот на кој се прават изборите во Македонија. Изборниот модел, Македонија да стане една изборна единица со отворени листи, што е една од нашите најголеми заложби, ќе помогне за покачувањето на демократскиот капацитет на земјата и ќе го зајакне плурализмот на политичката сцена. Да не забораваме дека со промената на изборниот модел ќе се расклати и монополот на двете најголеми партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а со тоа ќе се зголеми и политичкото учество на повеќе политички партии, коишто би ги застапувале интересите на поголем број граѓани. Тука треба да подвлечеме дека идејата за избор на консензуален претседател на Република Македонија, која се наметнува сѐ повеќе во последно време, личи на наместен фудбалски натпревар, а тоа ниту во Македонија, ниту во развиените демократски земји не може да биде земено како пример за демократски избор на институција. Според нас парламентот не може да биде место што наликува на зелен пазар, на којшто пратениците својот глас го продаваат за амнестија, аматерски прикриена како помирување, или пак за солидни тендери кои се мерат во илјадници евра. За нас како партија со прогресивно конзервативна идеологија, парламентот треба да биде место каде што народните избраници ќе ги штитат интересите на граѓаните што им ја дале својата доверба и ќе гласаат според своите убедувања. Во однос на граѓанските слободи ние сме убедени дека во Македонија истите продолжуваат да се кршат на прикриен начин. Ниското ниво на демократска политичка култура на сите владејачки гарнитури од 1991 година го докажува тоа. Македонија продолжува да биде силно партизирана земја во која граѓаните многу тешко доаѓаат до остварување на своите интереси, ако не се дел од големите политички партии. Господа од владејачката коалиција, сѐ додека во Македонија, партиски функционери стануваат директори на државни претпријатија и установи, поради својата послушност, а не компетентност, нашата земја нема да излезе од списокот на земји со хибриден режим. Зборовите тука нема да ви помогнат, должни сте да се покажете на дело, ако навистина сакате Македонија да излезе од балканската карма каша и да стане нормална демократска и европска земја. За крај сакаме да го поставиме прашањето: Уште колку Шарени, жолто-црвени и разнобојни револуции ќе треба да кренат граѓаните, за да заличиме барем малку на нормална земја, каде што власта решава реални проблеми, а не раздава трошки за да добие послушност на краток рок?! Ако Владата продолжи да се однесува така, неспроведувајќи ги реформите од препораките на Прибе, нерешавајќи ги проблемите со избирачкиот список и изборниот процес како целина, затскривајќи ги и заштитувајќи ги неуспесите и политичките гафови, кои во нормалните земји завршуваат со оставка, не би требало да бидеме изненадени од констатацијата на списанието „Економист“ дека живееме во држава од типот „хибриден режим“. Исто така и покрај јасното незадоволство на граѓаните, како и редицата реакции од ГДУ и другите опозициони партии, Владата ако продолжи со истиот начин на функционирање, не треба да се изненадиме од уште еден non paper, како и одложување на датумот за отпочнување преговори со Европската Унија. Тоа што Владата си мисли дека со својата пропаганда може да ги заблуди граѓаните, не значи дека земјите членки на ЕУ и Европската Комисија ќе паднат на истиот трик. Време е за реални реформи и реални резултати а не раскажување на приказни по телевизиските студија“- се вели во соопштението на Граѓанско демократска унија-ГДУ.

Линкот од видеото ТУКА

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*