Генчов – зошто здружувањето по етничка линија ако е кај македонци е опасно и национализам а кај албанците е напредок и демократија?

Во изјава за „Поглед“ еден од контроверзните и позвучни аналитичари во Република Македонија Александар Генчов вели дека најважната работа во овој период е како тоа сега ВМРО-ДПМНЕ ќе се постави кон претседателските избори.

Генчов кој е еден од основачите на НАТО движењето во Република Македонија вели дека клучот и базата ќе биде дали ВМРО-ДПМНЕ ќе се постави како стожер за добивање македонски гласови наспроти евентуалниот конзенсуален македонско – албански кандидат на СДСМ со албанскиот фактор.

Клучот, базата темелот ќе биде дали ВМРО ќе се постави како стожер за добивање македонски гласови наспроти евентуалниот консензуален македонско-албански кандидат на СДСМ со албанскиот фактор или би оделе на некаква соработка со некоја албанска партија. Ако одат на сорабптка со албанска партија ќе треба да го напуштат на пример ставот дека не го поддржуваат зсконот за јазици кој Иванов го остави во аманет. Многу е можно ако ВМРО се одлучи да остане на ставот за неподдршка на тој закон тие избори да бидат дури и еден вид референдум баш на тој закон и на компилацијата “сите албански партии на една страна плус СДСМ””. Да веднаш некој ќе каже дека тоа била демек опасна игра на етничка мобилизација ама никој не кажува дека по речиси сите прашања има иста таква мобилизација на албанскиот фактор по иста таква основа. Некои таканаречени модерни демек политичари веднаш ќе речат дека е тоа мобилизација на етничка основа, ама многу многу тешко отвараат уста кога на иста таква етничка основа се мобилизира албанскиот блок партии. Никогаш ама никогаш лично мене не ми стана јасно зошто семакедонското здружување е третирано како национализам а албанското исто такво мобилизирање никогаш не, вели Генчов за „Поглед“.

На ВМРО ДПМНЕ ќе падне историската улога како тука ќе се постави. Тоа ќе биде многу многу длабока одлука која ќе ги детерминира политичките текови во Македонија. Колку сакаат некои таканаречени модерни политичари да велат демек етничките теми се завршени, реалноста во Македонија е дека тие не се завршени и со сета сензибилност во регионот само наивни и будали можат да мислат дека ние нема да се соочуваме со такви теми.

Колку сакаме можеме да избегнуваме ама на пример тој кандидат на ВМРО или што ќе биде поддржан од ВМРО сакал нејќел ќе мора да изусти на пример дали ќе го поддржи законот за јазици односно дали ќе го потпише или не. Колку сакаат нека го ставаат под тепих, колку сака нека биде дипломат ама на тоа ќе мора да одговори и тоа ќе детерминира сигурно правец на тек на тие избори.

Лично јас сметам дека треба да се оди на нонсензуално тешение со албанскиот фактпр секако,тоа го бара (веројатно)и меѓународната заедница но секој нормален и писмен човек би се запрашал ..””зошто ако веќе албанската заедница се обединува околу некаков си кандидат, некаков си консензуачен меѓу СДСМ и албанслиот фактор, и ако албанскиот фактпр е обединет зошто не би бил и македонскиот? Зошто здружувањето по етничка линија ако е кај македонци е опасно и национализам а кај албанците е напредок и демократија.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*