Го отруја народот! Кое црно руско влијание?

Не е дека ги бранам позициите на ВМРО-ДПМНЕ, но мислам дека СДСМ од секунда во секунда, од минута во минута, од час во час, од ден во ден, прави се порадикални грешки.

Ги читам деновиве уште пожестоко нивни приврзаници тврдат дека во Македонија имало руско влијание и дека Русите биле тие кои всушност влијаеле на исходот на референдумот… мислам, хелоу!

Луѓе, разбудете се! Не сте веќе опозиција! Немојте да го глумите Груевски. Знаете, некако кога сте во опозиција сте многу позрели, не паметни, позрели. Вака, у власта некако се повеќе се враќате во вашите „тинејџерски“ години. Да, да! Во оние години кога мислите дека некого сте го направиле будала, а вие сте оној нели мангупот кој успеал да го излаже за некој своја “тинејџерска“ постапка.

Така и овие од позицијата предводена од Груевски. Лажеа, манипулираа, но ете завршија онака како што завршија. Немојте!

Ве читам деновиве, се обидувате неуспехот на референдумот да го покриете со наводното руско влијание. Душички. Па кое бе руско влијание, коа у државава у изминативе два месеци ни изредија сите од запад? КОЕ?! Ние слепи сме, не глеаме нишо, не глеаме кој ни ги праќаше пораките дека треба да излеземе на референдум и да ве поддржиме. Па да, мајку му, и јас сум за ЕУ, и јас сум за подобар животен стандард, за живот со европски вредности, но не вакви као вашите.

У Европа дечки, нема финти, нема лаги, нема делење тендери на владини функционери, нема перење мозок од медиуми, нема прогласување успех при неуспех, нема насмевки дури ни се плаче, нема праење на СЕ И СЕШТО само и само за да се покрие тоа кое НАМ односно ВАМ (во случајов) не ви е по кеиф!

Да бевте малку поекономични, да се зафатевте со работа на економски план, да понудевте подобри услови за учениците и студентите во образованието, да направевте барем една добра реформа у здравството, да понудевте решенија за самохраните родители, за децата без родители и родителска грижа, за питачите, за сите оние кои се чудат како да го преживеат денот, е тогаш драги мои немаше да имате потреба да не правите сеа будали дека Русите се виновни за вашиот неуспех на референдум.

И, да, НЕУСПЕХ е! Неуспех е бидејќи за да постои референдумска одлука (па, макар и на консултативен референдум) мора да постои гласање од над 50 % од избирачите, нешто што во моментов не ви е ни при рака, а камоли да биде исполнето.

Затоа, нема веќе хихи хуху, туку фаќајте работете за да можеме и ние, обичните граѓани, ДА СЕ НАСМЕЕМЕ, но не фејк како Вас, туку она РЕАЛНО ДА СИ СЕ НАСМЕЕМЕ и да кажеме: Да, го заслужија нашиот ГЛАС бидејќи ни обезедуваат подобра сегашност, но и ИДНИНА!

Со лаги и манипулации ниту има подобра сегашност, ниту иднина, ниту пак ЕВРОПА!!!

 

Пишува: Бранко Димитровски

Поглед се оградува од ставот на читателот 

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*