Google сопира да рекламира крипто-валути од јуни

Google објави дека во јуни оваа година ќе заврши со рекламите поврзани со крипто-валути. Претходно, такво ограничување воведе социјалната мрежа Facebook.

Во својот блог, интернет компанијата објави дека од јуни оваа година, нема да прикажуваат крипто-валути, берзи, портфолија и услуги со совети и предлози на токени во рамките на ICO (Initial Coin Offering).

Google ја објави својата нова политика во редовниот извештај за лоши реклами објавен денеска. Во документот се наведува дека во 2017 година компанијата отстранила повеќе од 3,2 милиони реклами кои ја нарушуваат нејзината политика.

Причината за ограничување на рекламите на крипто-валутите не е наведен. Googlе споменува само дека ја ажурира својата политика за рекламирање на нерегулирани или шпекулативни финансиски производи, што се однесува на крипто-валутите, бинарни опции, девизните берзи и договорите за разлика (CFD).

Биткоин и останатите крипто-валути се под притисок во последно време од владите и централните банки на голем број држави. Ова исто така се рефлектира и во нивните коти, кои се нестабилни и многу флуктуираат.

Некои финансиски гуруа предвидуваат неверојатна иднина за крипто-валутите. Поранешниот главен економист на Меѓународниот монетарен фонд, Кенет Рогоф неодамна изјави дека по воведување на строга контрола од страна на владите, вредноста на биткоин ќе падне до 100 долари – тој очекува тоа да се случи во рок од 10 години.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*