6.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

Ѓорчев – има „режим во најава“, Шилегов – ќе има правна држава и одговорност за криминалците!

„Во делот на македонскиот народ имаше поларизираност до моментот на изборите. Од јануари и февруари нема поларизираност, туку има референдумско одбивање на оваа влада која нема верификувана програма од мнозинството на македонски граѓани. Нема поларизираност, има влада и режим во најава кој што нема легитимитет од граѓаните на Република Македонија. 

Ние слушнавме лага дека 600. 000 луѓе се иселиле од Република Македонија. На кој начин ако имаш толку иселени односно деветстотини илјади излегле да гласаат во  2006. година а на последните избори еден милион и двесте илјади гласачи?“, праша Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

Веднаш потоа од собраниската говорница се обрати Петре Шилегов од СДСМ кој рече дека на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не им е за македонскиот народ, туку за криминалите и за сето она што го стекнале како богатство за време на 10. годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

„Не ви е на вас галје ниту за земјоделците, ниту за македонскиот народ со кој ги полните усти. Сакате листа да ви дадам за што всушност ви е галје на вас. Да ја сакавте Македонија немаше да ја пљачкате. Крадењето е суштина на криминалци. Тоа ве боли. Ако има нова влада, ќе има демократија, ќе има правна држава, ако има правна држава ќе има одговорност и тоа ви е проблемот на вас“, рече Шилегов од СДСМ.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -