Градоначалниче прилепски каде ти се 3156-те гласа од локалните избори?

„Како сте задоволни од новиот градоначалник на Прилеп? – Новиот градоначалник?! Ниту знам кaко се вика, ниту знам како изгледа! “ Овој краток разговор со мој сограѓанин од Прилеп ме натера на размислување. Навистина кој е? Што направи во рок од една година додека седи на удобната фотелја во oпштината? Некако лично јас како да не видов некои посебни промени. Како уште ВМРО да си е на власт. Нови вработувања и во така пренатрупаната администрација (со прашањето дали имаат соодветно образование за функцијата која ја добиле), воглавно никој не е „чепнат“ читај-избркан (со неколку исклучоци) од вработените од претходната власт (единствено како „одмазда“ можеби преместени на работа во некое село „без кучиња“).

И така сѐ бесшумно и тивко си поминуваат деновите во мојот град херој. Е арно ама ни се случи референдум… Пред да продолжам со мислата ќе ве замолам да ја погледнете приложената слика земена од официјалната страна на Државната изборна комисија на Р.М.

Фото Државна Изборна Комисија

На резултатите на Државната изборна комисија е прикажано дека гласале 23,462 граѓани, од кои 20. 451 биле „ЗА“ европска Македонија односно за она што се бори политичката партија СДСМ и секако градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

Сега ќе ве замолам да ја погледнете следната слика која исто така е земена од страната на Државната изборна комисија на РМ.

Фото Државна Изборна Комисија

На оваа слика се претставени резултатите од Локалните избори во 2017 година каде што сегашниот градоначалник Илија Јованоски за 2690 гласа победува над Маријан Ристески кој што беше 12 години градоначалник на Прилеп.

Што се случи во рок од една година? Од 23. 607 поддржувачи на СДСМ за Локалните избори во 2017 година во Прилеп, на референдумот гласале за поддршка 20. 451 граѓанин. Што се случи со останатите 3156 гласа? Зошто овие луѓе не го поддржаа својот сопартиец? Нели исто така ако земеме во предвид дека овој градоначалник сѐ уште си „трупа“ нова администрација а старата си ја чува од претходната власт, каде му се новите поддржувачи?

Господине градоначалниче се некако имам чувство дека ништо не променивте за тоа што зборувавте. Се некако само ленти се сечат, се фрла по некоја лопата и нели сѐ е „во процес“. Се истите муабети слушани долго време наназад , исто како и од претходниот градоначалник. Еве еден интересен пример кој ќе го „потковам “со видео кое што е снимано на 1 септември.
Во вашата кампања ветивте училиште за населбата „Сточен пазар“. И секако училиште „никна“ да напоменам кое не беше ваша идеја и не го почнавте вие, но се пофаливте дека ВИЕ ќе го изградите. Овој проект го почна претходниот градоначалник Маријан Ристески кој (во првобитната проценка) чинеше 12 000 милиони денари (од буџетот на локалната власт односно од данокот на нашите сограѓани). Ве молам погледнете го видеото:

Целиот текст прочитајте го на Трибуна – ОВДЕ

Автор: Елизабета Најдоска Величкова

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*