Грците се “закачија” јако со Русите поради Македонија – го повлекуваат амбасадорот од Москва

Грција го повлекува амбасадорот Андреас Фриганас од Москва, наведува неименуван извор на „Спутник“.

„Донесена е таква одлука. Лично ја донесе министерот за надворешни работи Никос Коѕијас“, вели соговорникот на агенцијата.

Според неговите зборови, во следните денови Фриганас ќе се врати во Атина, а во Москва ќе биде пратен нов амбасадор, но засега не е познато кога ќе се случи тоа.

Засега нема официјално соопштение од Министерството за надворешни рабти на Грција.

Грчко-руските односи се заладија по ослуката на Атина да протера руски дипломати поради нивно наводно дејствување против договорот Заев-Ципрас за преименување на државата Македонија, на што Москва одговори реципрочно.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*