ГДУ: Го повикуваме Мицкоски да излезе и да го каже ставот на ВМРО-ДПМНЕ за референдумот

Иако кампањата за референдумот официјално стартува на 10 септември, власта веќе почна да пропагира, а ДПМНЕ и натаму тактизира и калкулира.

Го повикуваме Христијан Мицкоски да излезе и да каже пред јавноста дали ги повикува неговите поддржувачи да гласаат „против“, дали на бојкот или пак ќе ги повика секој да гласа според сопственото убедување.

Го слушаме последниве денови како повторува дека е неопходна исцрпна дебата. Па господине Мицкоски две децении дебатираме околу ова прашање, на секој изборен циклус вашата партија им гарантитраше на граѓаните дека ќе има право да се изјасни за името на реферндум и сега кога имаме шанса за тоа, вие демек не знаете што ќе правите.

Продолжувате со вашето несериозно однесување.

Бидејќи велите дека на големо се дебатира во вашата партија, должни сте на јавноста да и објасните, ако овој Договор кој сега е направен со Грција е капитулантски, каков договор би направиле вие?

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*