Хрватска не е светски шампион, но Лука Модриќ е најдобар фудбалер на светското првенство

Капитенот на Хрватска Лука Модриќ е прогласен за најдобар играч на Мундијалот во Русија. Тој ја доби престижната награда „Златна топка“.

Признанието за најдобар млад играч е за Килијан Мбапе од победничката француска селекција.

Голманот на Белгија, Тибо Куртоа е прогласен за најдобар чувар на мрежата.

Франција во финалето на СП 2018 ја победи Хрватска со 4:2 и по втор пат стана Светски шампион.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*