Игор Александров од Австралија за Керим: Морално шуплив приврзок на секој етаблишмент

Гостувањето на поранешниот министер за надворешни работи и сопственик на затворените медиуми кои беа дел од групацијата ВАЦ, во “Само вистина” предизвика реакции во јавноста, поради неговите ставови, кои денес, кореспондираат со актуелната политичка гарнитура на власт.

Еве што на својот профил напиша Игор Александров:

“Да не очекувавте нешто почесно од овој безгранично прилагодлив опортунист, површен, морално шуплив приврзок на секој етаблишмент, дома и надвор? Особено откако со “Шарената револуција” му се закануваше слична судбина како на довчерашниот ‘најверен’ другар, Сашо Мијалков?

Каде сте сега да гукнете вие, ‘новинарите’ што ве остави без работа и ви ги украде срамните последни плати, скокајќи од бродот дур тонеше, за да си има за по некоја пура, некое шампањско, некоја празноглавка за сликање и лечење комплекси повеќе? Толкаво ли ви е личното и професионално достоинство, да го оставите овој измамнички изгланцан шарлатан и понатаму да глуми некаков авторитет? Да не станавте случајно ‘колеги’, на истиот платен список?”

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*