ИНТЕРВЈУ АЛЕКСАНДАР ГЕНЧОВ: Покрупен момент од промена на име е тоа што македонците ќе станат малцинство во Македонија

 

Разговараме со г-дин Александар Генчов, еден од основачите на НАТО движењето во Република Македонија, поранешен партиципент во безбедносните структури во земјата, аналитичар кој во континуитет ги следи процесите и случувањата во Македонија, но и во светски рамки. 
Во ексклузивното интервју за „Поглед.мк“ тој зборува за меѓуетничките релации во Република Македонија, пописот, за тоа дали Македонците ќе станат малцинство во Македонија, за најгорливото прашање – деценискиот спор за името меѓу Македонија и Грција, за тоа дали македонизмот може да ги спои македонскиот и грчкиот народ. 
Г-дин Генчов е аналитичар чии што ставови секогаш предизвикуваат внимание во јавноста, па оттаму и огромно задоволство за нас е што за денешниов напис имаме можност да Ви споделиме размислувања и ставови на еден одличен соговорник во ова интервју за „Поглед.мк“.

 

Г-дин Генчов. Вие сте еден од луѓето кои се основачи на НАТО движењето во Република Македонија, а своевремено бевте и Државен советник за НАТО во Министерството за одбрана. Која е улогата на НАТО во денешнава безбедносна архитектура или поточно во новиот милениум?

 

 

Прво да ви се заблагодарам за можноста за ова интервју. Го следам вашиот портал и сметам дека е навистина нова и свежа појава на македонскиот медиумски простор.

Како по некоја навика секое појавување мое, кое за воља на вистината и не е толку често го почнуваме со НАТО алијансата. Не сакам  од тоа да се дистанцирам, напротив, иако веќе НАТО е поддамна излезено од класичната перцепција и воспоставените видувања што ние ја имаме доживеано низ целиот овој процес на преговори кои што предолго траат со НАТО.

Но, како столб  да, се сложувам НАТО е ЕДЕН од столбовите на безбедноснатаа архитектура во светот, голем влог, клучен  во развојот на демократските процеси, еден од клучните фактори и во овој дел од Европа каде што ние припаѓааме во насока на ревитализација после режимите во комунистичкиот и посткомунистичкиот блок.

Тоа е несемнен дел, но несомнено е и дека нашето вклучување во оваа алијанса трае предолго, и наведува, праќа сигнал дека и покрај постојаните повторувања дека само името е проблем, фрла неколку аспекти дека сепак истото тоа НАТО е и длабок политички систем кој не е зависен од ставот на само една членка во поглед на проширувањето со една земја.

Со други зборови длабоко сум убеден дека се работи за поширок процес, со многу  по сензибилни релации.

ПОГЛЕД: На што поконкретно мислите г-дине Генчов? 

Македонската држава, како што е понато секому, македонскиот народ ја изгради во, а потоа и наследи од, Југословенската федерација. Со сиот товар што таа го носеше во поглед на националната изградба на македонскиот народ, пораспадот на Југословенската федерација нашата држава со целиот својот национален  и политички пофил треба да го ворамнотежи и имплемнтира во меѓународен регионален безбедносен систем каде што се членки земји наши соседи како Бугарија и Грција кои што за волја на виистината имаат свое видување на македонските процеси во делот на она што е, како настанал и како се равива македонската држава и македонскиот народ.

Едноставно имате државен систем со наследени граници од Југословенската федерација чии што творци сепак не беа САМО водечките сили на денешно НАТО и со самото тоа на самиот старт не чекаат за жал удари од веќе постоечки членки кои за воља на вистината пледираат на македонскиот корпус на прашања,

Со самото тоа што толку долго време преговараме значи и дека НАТО алијансата застанува зад видувањата на своите земји членки и тоа е реален поглед бидејќи нема видливи отстапувања во делот на начинот на кој се гради политиката спрега спрема Македонија од страна на НАТО. И не само што застанува зад мислењето на соседните држави туку и ги поддржува и стои цврсто зад сите тежненија за промена на голем корпус на идентитетски прашања за македонската нација, иако можеби на билатерален план ни пренесуваат солидарност и разбирање за оригиналното потекло и сопствениот идентитет на македонецот, државотворно, па ако сакате и етнички.

 

 

ПОГЛЕД: Реално во Република Македонија немаме страв од напад од било кој од нашите соседи, туку страв од пожестоки меѓуетнички судири. НАТО Алијансата Де Факто штити од надворешна агресија, но не и од внатрешни меѓуетнички судири во една држава. Зошто постојано се заговара дека со влез во НАТО, Македонија ќе биде безбедна држава и дека можеби не дај боже, во таков случај, повторно нема да ни се случи „Диво Насеље“?

 

 

 

Тоа што кај нас тоа јавно не се анализира на овој начин е друга работа, но тоа е така. Тоа е логично и видливо секому. Јас лично песничката од типот НАТО стабилност, како НАТО ќе значи стабилност и гарант за безбедност, како НАТО не гледал,како сме ги исполниле сите услови и слично ги апсолвирав. Треба отворено да кажеме дека сега преговараме со НАТО крупни, круцијални прашања и одиме по прилично лизгав терен за нашата нација.

Земете ја за пример Грција. Додека ние јавно, до претеран степен го ставаме НАТО по 1000 пати на ден во уста, Грција на пример која што е членка внатре, излегува со спротиставени ставови, отворено за некои ставови соработува со Руската федерација, Полска, Чешка и Словачка отворено се спротииставуваат за некои одлуки посебно за бегалската криза, Турција е членка внатре а за многу процеси отстаапува…

Што сакам да кажам.. Дека НАТО не е државен систем што не се менува, па ние додека по сто пати на ден повторуваме дека наводно сме се плашеле да не дошло до Руско влијание овде самото НАТО преку НАТО-Русија советот соработува со истото тоа НАТО.

Сите овие процеси  македонските граѓани го гледаат и чувствуваат. Затоа едно е постојаното како маннтра поворување НАТО, стабилност, инвестиции, научени лекциии а сосема друго реалноста на восприемањето на НАТО од страна на македонските граѓани.Без разлика на неспоредливата моќ некој да помисли дека сме моќни таму нешто да промениме перцепцијата за НАТО, кај македонците не е на завидно ниво. Кај албанците заради историската помош при Косовското прашање, заради традиционалниот антагонизам кон нашите северни соседи србите и Руската федерација се уште довербата е голема.

Веќе е секому јасно дека влезот во НАТО па и во ЕУ нема да донесе никаква благосостојба на граѓаните преку ноќ, ниту нагло ќе им се подобри животниот стандард или чувството дека ќе бидат побезбедни во рамките на овие организации.

Но тоа не значи дека не треба да се залагаме и понатака за наше членство таму, иако тоа членство може да донесе колку плусеви толку и минуси,а да не зборуваме, како врв на се дека за тоа пак треба да го жртвуваме нашиот македонски идентитет.

 

ФОТО ПОГЛЕД

ПОГЛЕД: Како ги оценувате меѓуетничките релации во Македонија

За меѓуетничките  релации може да се пишуваат томови текстови а не па одговори на прашања. Прво да расчистиме некои работи. Точно е тоа што го кажавте. НАТО не штити директно од вантрешни судири но секако дека не може да се смета еднаков ризокот од судири ако Македонија е членка или не е членка на НАТО.

Но меѓуетничките релации во Македонија се толку сензибилни што лично сметам дека една од причините зашто НАТО го одложува нашиот прием таму е и многу, многу сложените меѓуетнички релации во МАкедонија.

ПОГЛЕД: По што ја гледате таа сложеност Г-дине Генчов до овој степен?

 

Вие сте млад човек. И можам да ве прашам.

  1. Сте отишле ли вие некогаш на фудбалски натпревар меѓу македонски и албански тим. И не амо фудбалски. Стравичен е набојот не на спортска туку баш на национален план. Ќе речете тоа е спорт ама не е само спорт. Сте виделе ли некогаш еве пример… македонци да навиваат за албански клуб и обратно?
  2. Сте отишле ли да ја видите разликата меѓу една класична македонска средина и една албанска. Еве прост пример, седнете во Центар и прашајте дали може да запалите цигара. Секако не, ќе ви речат, се плашиме од инспекција не може и сл. Одете во Сарај и Чаир. Слободно се пуши.
  3. Отворете тема за население. За попис. Класични одговори и многу, крајно спротиставени. Албанците ќе ви речат пописот е прекинат зашто цела Источна Македонија ви е празна и не раѓате деца и сте паднати под 50 посто а македонците ќе ви речат..Не се ни 17 посто. Тоа вам ви личи на нормални меѓуетнички релации??
  4. Се сеќавате на изградбата на црква на Кале? Се сеќавате какви понижувања доживеа македонската нација?
  5. Се сеќавате на крстот во Бутел. Без разлика што никој за тоа не зборуваа, се сеќавате какви понижувања исто така доживеа македонската нација. Без разлика на тоа дали таму требаше да се градат овие објекти остана чувството на немоќ кај македонците дека едноставно се немоќни пред барањата и ставовите на нашите соседи албанци.
  6. На страна што крстот не ја виде белината на денот, а на 1 км полево ако погледнете, орелот со симболите на УЧК остана. И никому ништо.
  7. На патот Кичево Охрид се вее 30 метаарско алабнско знаме. Поминуваат луѓе се прашуваат и никому ништо. Дали е законски, дали има докумантација, ништо.Тоа знаме е согласно закон?Една држава нема имунитет, нема сила употреба на знаме да среди.

 

Ќе ви кажат ќе се нарушеле веднаш меѓуетничките односи. Па замислете на секој чекор од тој аспект одите како по јајца,а ваму велите меѓуетничките односи биле одлични. За сите било општеството. А тие сите се гледаат низ вакви дурбини.

8. Се игра натпревар на Македонска Фудбалска репрезентација. Ниеден фудбалер албански не ја пее химната. Никому ништо. Ќе ви речат дека и Кедира не ја пеел Германската химна, и Озил не ја пеел Германската химна, или Боатенг и толку.

9. Се игра финале на куп пред две години Работнички Шкендија, 20 илјади луѓе ја свират химната.

10. Да не зборуваме за јазикот, за се што се случуваше, за огромните разлики по ова прашање..

 

Ова вас ви личи на нормални меѓуетнички односи? Никаков национализам не е ако некој почне да ја кажува реалноста, а не само да ја шепоти. Значи Македонија е сензибилно подрачје.

Има компликувани меѓуетнички релации. Погледнете го пописот. Замислете во Македонија не се може или не се сака да се преброи населението. Податоци има, кои не се објавуваат јавно дека бројката на првооддленци албанци е 50 отсто. Не го знаеме бројот на иселени. Не можеме да се преброиме. Сето тоаа некој го гледа. Ова не  е никаков национализам, ова е само сурово набројување на факти.

Велите дека имате одлични меѓуетнички односи а внатре не знаете која нација колку луѓе има.

 

ПОГЛЕД: Често ја анализирате темата за тоа дали македонците ќе поминат во малцинство во Македонија?

Таа тема е многу болна. Не ја отвара никој. Се обиде Груевски да направи нешто, направи закон за трето дете, излезе уште бетер за македонците. СДСМ тогаш држеше антинационален став. Исто требало за сите да биде. И да, ако гледате тоа е така. Граѓански, пред секој закон секој граѓанин е еднаков. Ама во Македонија редно е македонците да знаат дека веќе 50 отсто првачиња се албанци. Ред е да знае македонецот дека овие процеси ќе доведат македонците да станат малцинство во оваа Република Македонија. Ако нешто е крупен момент, покрупен и од име и од НАТО и од се друго е ова. Македонија со македонско малцинство во неа веќе е нов политички, економски, социјален феномен.

 

ПОГЛЕД: Мислите се остварува проект Голема Албанија?

Проектот Голема Албанија е во главите само на некои луѓе кои воопшто ништо не знаат за начинот на водењето на албанската политика. Ќе бидам краток. Нив не им треба борба за Голема Албанија. Самата независност на Косово, демографските процеси во Македонија, нивото на кое е паднат македонскиот национален процес, ваквата моментална тотална депресија на македонизмот овде, растурените односи со сите сите соседи освен Албанија и Косово, постепеното преземање и од аспект на делување на терен и со финансиски вложувања, со демографија и со голем сенс за националните процеси на алабнската популација води кон созадавање на три албански држави.

.Нема потреба од јавен проект Голема Албанија. Тие знаат дека со тоа само ќе иритираат. Доволно се паметни тоа да го прават на друг начин. Најголемите албански нациналисти ако некогаш зборуваа за поделба на Македонија, сега веќе тоа не го прават. Нивен стартешки интерес е целовита Македонија.

 

ФОТО Александар Генчов

 

ПОГЛЕД: Дали новоизгласаниот закон за јазици е поништување на правилата од Охридскиот Рамковен договор? Кое е вашето мислење за начинот на кој беше донесен овој закон…

 

  1. Тоа не е закон кој унапредува јазични права. Тоа е закон кој што  Македонија ја прави де факто двонационална држава. Тоа не е проблем на етничка диманзија на употреба на јазик. Тоа е проблем на создавање директно етничка држава со државна диманзија на директен службен јазик, спротивно на Уставните постулати. За да се реалзира тоа треба уставни корекциии не гледам дека тоа би можело во иднина да се случи.
  2. Фрапантна е исто така поделбата по етничка линија за овој прашање. Оставете ги политичките партии. Народот земете го. Класична етничка линија на поделба. Македонците против албанците. Засега за тоа се молчи, се обидуваме да го прикриеме, да ги свртиме темите но реалноста е дека двете етнички заедници баш по етничка линија се фрапантно поделени по ова прашање.

 

ПОГЛЕД: Дали, според Вас, водењето на преговори за спорот меѓу Македонија и Грција, на начин на кој што се водат, може да донесе решение, ако се земат во предвид разликите меѓу позициите на двете земји?

 

 

Прашањето за името е многу, многу комплексно. Лично јас сметам дека од првичниот предлог кога можевме да ставиме додавка одиме во преговарачки позиции надолу и надолу. Прво беше да се согласиме само за меѓународно име. Не прифаќавме. Сега веќе тоа горе долу, е прифатливо, па дојде на ред Ерга Омнес…. Па после Ерга Омнес… па потоа Уставни измени… Јас сакам да сум јасен и концизен.. И така до бескрај..

 

Прво треба да ни стане јасно, на сите нас, дека ние преговараме за името заради НАТО и ЕУ. Ако некогаш има референдум како демократски терк треба населението да се праша, ДАЛИ НАТО И ЕУ СЕ СИСТЕМ ДОВОЛНО  КОМПЕНЗАЦИОНЕН, ДОВОЛНО ВРЕДЕН  ЗА МЕНУВАЊЕ НА нашиот идентитет. Да, за нашиот идентитет, бидејќи да не се лажеме ние не преговараме веќе само за името. Далеку од тоа.

Ние преговараме и за нашата идентификација како македонци. И тоа не го правиме по своја воља. Принудени сме заради членството во овие институции. Ниеден жив македонец не сака промена на име,на идентитет. Други се политичките механизми преку кои сме принудени да оставаме впечаток како за тоа доброволно преговараме.

 

Овие преговори се случуваат во време кога македонскиот национален имунитет и капацитет е сведен на најниско можно ниво. Никогаш апатијата кај македонците не била поголема. Никогаш почесто не сме ја слушале реченицата …’’НЕ НЕ БИВА’’.. Никогаш порано националната кауза не била послаба, никогаш порано вољата од национален аспект не била помала.

 

ПОГЛЕД: На кој начин македонизмот може да ги спои македонскиот и грчкиот народ?

 

Ме прашувате за македонизмот и дали тој може да ги спои двата народа. Имам анализирано многу на оваа тема. Премал е обемот на ова интервју за да искажам се што сакам да кажам. Компликувана е оваа тема.

Кратко, и ние и тие се повикуваме дека сме македонци. Ние сме го подигнале тој процес на национално ниво и се гордееме со тоа без разлика на сите понижувања низ кои што поминуваме.. Тие на територијално го доживуваат своето македонство. Внимавајте овде зборувам за грците се разбира не за македонците во тој дел.. Јазиците се различни. Томови и томови напишале на оваа тема научници на Харвард и Оксфорд. Спојот на двата македонизма најмалку се третира овде. Лоринг Данфорт, Југин Борза, Фридман, Буфсхотен…па дури и периферијално големиот Семуел Хентигтон, ја допреле можната обединувачка димезија на овој спор.

Кај нас се обидовме малку преку неколку едиции на книги од Лоринг Данфорт кои што фондацијата Сорос ги преведе, за жал со минимум одек во јавноста а толку крупно прашање.

 

 

 

ПОГЛЕД: Како Македонија треба да дејствува, за да добие најбезболно решение на деценискиот спор?

Можеби сум наивен но длабоко сум убеден дека решение може да се најде и со задржување на нашето име. Сега за сега пробив на искрен разгвор не е направен, културна размена речиси нема, спортски екипи не гостуваат, тие аналитичари што гостуваат со кратки изјави не навлегуваат ни од далеку во суштината на спорот.

 

ПОГЛЕД: Сакате да кажете….?

 

 

.Сакам да сум јасен во своето мислење. Грција има неколку избора…

  • Првиот е овој по кој што оди сега со оваа влада. А тоа е да го избрише целсоно од нашето  нашето уставно име терминот Македонија. Зборуваат друго но крајната цел е тоа. На овие преговарачи сега. На оние што ќе дојдат после нив не знаеме.. Не дај боже ако успее во тоа на својата северна граница ќе има трета албанска држава,со силна поддршка од Турција.
  • Вториот е да прифати, ама навистина да прифати некакво решение а не како сега да преговара само и само со цел да не дојде до договор.
  • Третиот  пристап е да навлезат во инвестиција во македонизмот овде. Тоа сега го прават одредени структури во Грција но мораат таа идеја да ја обвиткаат во тежок национализам до граница на фашизам. Тоа ако би било би бил мачен, долг и тежок процес. Лично не сум сигурен дека грчкото општество и јавност има сили, желба и можности да влезе во таков мега проект кој би донел корист од двете страни на границата. Да го признае македонизмот и не само да го признае туку и да вложува во него. И тоа како имаат основа за тоа. Треба само да се надминат предрасудите.

 

Членството во НАТО и ЕУ не се компатибилни со овие процеси. Овие процеси се оддлени од интегративните процеси во НАТО и ЕУ. Навидум сега се споени но во суштина не се. Тие ќе продолжат без разлика на НАТО и ЕУ прашањата. Сега ова делува малку прехрабро но јас не сум оптеретен со политички опортунизам да морам да кажувам ова или она. Тоа е предноста кога се наоѓате во ваква позиција.

ПОГЛЕД: Премиерот Заев, својата СДСМ ја направи најбугарофилската партија во Република Македонија, а некогашните анти-бугарски настроени политичари кои ги обвинуваа своите политички противници за „национални предавници“ денеска молчат и климајќи одобруваат се што содржи договорот за добрососедство со Република Бугарија. Што се промени кај тие луѓе?

 

 

Интересно прашање. Нема што да се лажеме. Овие луѓе што ги кажувате прво беа најголемите бранители на Југословенската комунистичката, левичарската идеја како сакаате наречете ја. Со распадот на Југославија веднаш експресно согласно светските текови станаа поголеми американци и од самите американци.

Сега се нешто друго.

Да сме реални. За жал допрена е и димензијата на нашиот идентитет. Евидентни се судирите на идеолошка основа. Не е ист македонизмот на посткомунистичка Македонија, асномски, левичарски, комунистички, југословенски како сакате наречете го со македонизмот на четите на ВМРО. И со македонизмот на македонците од Егејска Македонија.

Нас ни треба обединувачки процес под итно. На сите македонци без разлика на кој начин се доживуваат. Потребно ни е и политичко обединување .Македонско. Исто како албанците што беа сите до еден кај Еди Рама истото ни треба и нас. ВЕДНАШ И ПОД ИТНО!!!!!

Колку Заев ја направил СДСМ пробугарска не знам како што велите вие, јас само сакам да кажам дека на македонците им е насушно потребен нов импулс, нова национална енергија, обединувачки процес. Делува можеби анахроно, но народот наш тоа го бара. Црвени заеднички национални линии.

 

 

ПОГЛЕД: Вие своевремено бевте близок до ВМРО НП и имавте ист став како претседателот на партијата Георгиевски во однос на проектот – размена на територии. Од денешна перспектива, дали доколку тој проект се реализираше во минатото, денеска ќе имавме постабилна држава, во која најголемите македонски политички партии нема да бидат заложници на нивниот “шеф“ ДУИ?

Интересно прашање. Како што можете да видите јас без разлика што имам модерни видувања за развој на едно општество сум национаално ориентиран човек. И тоа го сметам за своја доблест. Ако тоа делување не премине во навреди кон другиот. Сметам дека вистината никогаш не треба да се доживува.

Повеќе би рекол дека бев во многу аспекти блозк до самиот Љубчо Георгиевски како интелект, како визионер, како голем македонски водач кој што за жал за многу работи остана неразберен. Фрапантни се неговите тези, како идеолог, како стартег и каков вистинит белег оставија.

Но веќе кога ме прашувате за него ред е да кажам до крај што мислам. Несватливо ми е како таков интелект како него, таков визионер, толку силна личност не успеа да направи посилен политички субјект и да не создаде свои наследници идеолошки на таа партија негова, да не произведе ниту еден политичар од неговите редови.

Познавам многу, многу инетелегентни луѓе од неговата партија кои никогаш не успеаа да се пробијат низ такаканаречената внатрепартиска борба.

Веројатно причините лежат многу подлабоко но тоа не е моја работа.

Лично сакам да бидам дел од македонско национално обединување!!! Јасно,чисто и гласно!!!

Ви благодарам за прашањата, мала е рамката на едно интервју да се одговори на сите овие обемни прашања. Сега кога сум надвор од се можеби и е полесно да се одговара но кажав тоаа што искрено мислам.

Ви благодарам и ви посакувам многу понатамошни успеси.

 

 

One Comment

  1. Николов

    Македонците умряха. Отидоха при българските си дедовци. Да живее националното скорнуване на северномакедонците !!!!

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*