ИНТЕРВЈУ МИТКО ЈАНЧЕВ: Очекуваме масовен протест преку кој ќе испратиме јасна порака за предвремени парламентарни избори

ПОГЛЕД: Се вели дека децата се огледало на родителите и затоа е важно тие да внимаваат каков пример даваат во секојдневието. Вие на 23. годишна возраст ја превземате функцијата управител на ДПТУ Кожувачанка од Кавадарци, по ненајдената смрт на вашиот татко кој бил основач на компанијата и еве после долго време можеме да кажеме дека сте оставиле добар пример во општеството, преку вашата борба за општествена одговорност, како и донации во повеќе сфери на општеството. Како млад човек, како се справувавте со предизвиците во тие тешки времиња за Вас и вашето семејство односно која е тајната на успехот на фамилијата Јанчеви?

13 години бев управител на ДПТУ Кожувчанка, точно, многу млад се соочив со голема одговорност. Со голем труд и упорност успеав да ја водам компанијата на вистинскиот пат. Кожувчанка оствари голем успех и се изборивме да се истакнеме како општествено – одговорна компанија. Ова е фамилијарен бизнис и секогаш се на прво место ми беше чесноста и работата. Фамилија Јанчеви својот успех го должи на чесното работење и заедничката борба во тешките моменти.

ПОГЛЕД: СДСМ на локалните избори освои 57 општини, додека ВМРО-ДПМНЕ победи во само 5 општини. Премиерот Заев во говорот на митингот во Кавадарци истакна дека Митко Јанчев е најисплашен бидејќи му било јасно дека ќе изгуби. Еве разговараме со Вас после осум месеци од тогаш, а Вие сте градоначалник на Кавадарци. Како успеавте да одолеете на притисокот и да го победите СДСМ со 1642 гласови предност?

На последните локални избори во Кавадарци победи народот. И покрај големиот притисок горд сум на моите сограѓани што не подлегнаа под притисоците и донесоа одлука за која, јас од ден во ден, се обидувам да им докажам дека е вистинска.

ПОГЛЕД: Еден од првите проекти на кои работите како градоначалник е „Мој општинар“. Која беше идејата на овој проект и дали истиот веќе носи резултати односно придонесува за решавање на долгогодишните проблеми на граѓаните?

Транспарентна и отворена општина, од таму и идејата за овој проект. Ова е прв ваков проект во Република Македонија. Се надевам дека во иднина и други општини ќе почнат да го реализираат. Во изминатите месеци “Мој општинар“ функционира одлично, проблемите на граѓаните се решаваат на време, нивните желби и потреби стигнуваат до службите и се што е во наша надлежност се решава во најбрзо време.

 

 

ПОГЛЕД: Покрај градоначалничката функција, станавте и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. Како напредува процесот на “реформи“ и модернизирање на партијата и што е она кое новото раководство може да го понуди на граѓаните на Република Македонија? 

 

 

За новото раководство на ВМРО – ДПМНЕ на прво место се младите. Работиме трансппарентно, се обидуваме да внесеме нова и свежа креативност во нашето општество. Ние сме ново раководство со нови идеи и се стремиме кон разумни и реални планови за иднината.

 

 

ПОГЛЕД: . Г-дин Јанчев. СДСМ по долги години во опозиција се врати на власт, а некогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Груевски секојдневно е на суд, поради повеќе обвиненија против него покренати од СЈО. Дали сметате дека Никола Груевски треба конечно и политички да се пензионира, со цел да ви остави на Вам, новите лица на партијата, чист терен за промовирање на една нова политика на македонската политичка сцена?

Г-дин Никола Груевски направи многу за Македонија, тој е и почесен претседател на ВМРО – ДПМНЕ, сега има ново раководство кое промовира нови идеи и има визија за иднината. Груевски со сите заслуги и многуте години како успешен политичар може политички да се пензионира.

ПОГЛЕД: Каква е вашата перцепција за политиките на СДСМ. Колку оваа Влада работи за доброто на граѓаните?

Колку оваа Влада работи за доброто на граѓаните најдобро ќе кажат граѓаните.

ПОГЛЕД: Дали новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ и вие лично како потпретседател на партијата ќе се залагате за обединување на македонската десница и заеднички настап на изборите со помалите политички партии кои го носат или се обединети околу предзнакот ВМРО?

Новото раководство на ВМРО- ДПМНЕ ќе се залага за заеднички настап на следните избори со помалите политички партии од десницата.

 

 

ПОГЛЕД: И македонскиот и грчкиот премиер се оптимисти за решавање на спорот за името, и покрај евидентните различни позиции на двете земји. Кои се вашите очекувања и дали Митко Јанчев е оптимист дека евентуално решение на деценискиот спор може да донесе позитивни промени за Република Македонија?

 

ВМРО – ДПМНЕ има јасен став околу името. Кога ВМРО –ДПМНЕ ќе биде на власт многу повнимателно ќе го решава овој проблем.

ПОГЛЕД: На 2 јуни е првиот тест за новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ кое најави дека ќе одржи голем народен митинг против актуелните владини политики. Дали според Вас ова е почеток на крајот на владеењето на оваа Влада и дали на тој ден можеме да очекуваме масовен протест преку кој ќе се испрати силна порака до извршната власт во Република Македонија?

 

Во сабота очекуваме масовен протест преку кој ќе испратиме јасна порака за преговори за предвремени парламентарни избори.

 

 

 

 

 

 

One Comment

  1. Dali na pretstojniot miting vie kako partija jasno kje kazhete deka ste protiv promena na imeto vo ustavot,no i PROTIV promena na imeto za nadvoreshna upotrba?Dali kje kazhete deka ova shto go pravi drzhavnoto rakovodstvo so pregovorite za imeto e predavstvo i dali kje kazhete deka kje odgovaraat krivichno kako zlostornichko zdruzhenie?Dali kje kazhete deka ste za chlenstvo na Makedonija vo EU i NATO,no ne po bilo koja cena?Dali kje kazhete na mitingot deka dogovorot so Bugarija kje mora da se ponishti,so ogled na toa deka go kritikuvate i ne go prifativte?Ako nishto od ova ne kazhete i ne zavzemete jasen i nedvosmislen stav vo korist na makedonskata kauza,vie vashite podrzhuvachi koi vo golem broj kje dojdat na mitingot,gi gledate kako politichki ovci,a mitingot samo kolku da se odrzhi bez sushtinska cel.MORA da gi kazhete tie pogore napishani neshta ako sakate da imate shiroka podrshka od makedonskiot etnichki narod,a ne od stranci i ambasadori.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*