ИНТЕРВЈУ: Практична настава: потреба и желба на учениците

  1. Од каде идејава за една ваква иницијатива за воведување практична настава во средното образование?
  • Идејата за оваа иницијатива произлезе поради недостигот на практична настава и појавата на незаинтересираност на средношколците кон одредени предмети поради непримената теорија.  Оваа идеја не помага само на средношколците туку и на работодавците и институциите со тоа што од училишните клупи ќе излезат работноспособни кадри.
  1. Дали има интерес кај средношколците и институциите за ваков вид на активности?
  • Според анкетата која што ја спроведовме воочивме голем интерес т.е 99% од испитаниците одговорија ДА за потребата од практичната настава.

 

  1. Колку самите училишта ве подржувааат во реализацијата?
  • Поголем дел од училиштата ни се поддршка така што ни дозволија да одржиме инфо-сесии со цел да ги информираме за потребата од практичната настава.
  1. Која е целта на јавната Дискусија која што ќе се одржи на 30.04.2018 во АМС?
  • Дискусијата под мотото Практикувај дискусија, Дискутирај пракса има цел преку професори и средношколци да бидаат изразени ставовите и да се сфати сериозноста на овај проблем, и како да се справиме со потребата за квалитетно и успешно обаразование.

 

Иницијативата е дел од проектот Младински лидерски иницијативи реализиран од Младите можат поддржан од  Швајцарски национален младински совет.

Кристина Трајчевска

 

 

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*