Историјата неумоливо си дојде по своето – крајот тажен но заслужен!

 

Партијата на основачот и прв претседател на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски, ВМРО НП постојано беше на таргет на некогашниот моќен премиер Никола Груевски кој практично во своите мандати, чекор по чекор, му го купуваше на Георгиевски секој оној што ќе посакаше, или пак оној кој што имаше било каква потреба – да покрие некој кредит, да добие одредена државна функција, на тој начин не дозволувајќи неговата партија да зајакне, туку напротив да биде што повеќе маргинализирана.

 

Па така, вчера гледајќи го Никола Груевски во прошетка со Стевче Јакимовски ми текна на еден муабет на некогашниот претседател на ВМРО НП Марјан Додовски, кој откако премина во ВМРО-ДПМНЕ, за која до вчера пишуваше дека водела политика со удбашки методи и нарекувајќи го нејзиното владеење монструозно, ја продолжи политиката на обвинувања но сега насочени кон оној кој му овозможи се, а по налог на “купувачот“. Во тој момент на егзалтираност и полн со желба да се оддолжи кон широкоградниот “сопственик“ заборави дека брзо ќе дојде ден кога истиот не само што ќе биде коментиран, туку и ќе исчезне и нема да биде апсолутно никаков фактор на македонската политичка сцена. И еве, дојде тој момент.

 

После долго време правдата и вистината испливаа на површина. Човекот кој го обвинуваше Љубчо Георгиевски (оној кој го постави за претседател на партијата ВМРО НП) и човекот кој на најподмолен начин изврши удар врз партијата на која тој лично беше ставен за претседател, денеска не само што не е никаков фактор на македонската политичка сцена, туку истиот изгледа по се задоволен од тоа што го доби од тие што го платија неговиот трансфер за извршеното предавство кон Георгиевски, замина тивко, бедно и незабележано, презрен и во ВМРО НП и во ВМРО-ДПМНЕ каде никој и за ништо не го есапи. Дали можеби слушнал, онака од некоја дупка, цел претворен во уво, дека новоизбраниот претседател е заинтересиран за обединување на ВМРО, во кое Љубчо Георгиевски би бил клучната фигура во обединувањето, па можеби човекот и од срам исчезна?! Нормално ако има срам…

 

Истото важи и за неговиот пријател, т.е истиот оној кој го плати неговиот трансфер, т.е истиот оној кој нарача Марјан Додовски како претседател на партија да ОБЗНАНИ нејзино згаснување и преминување во партијата во која што тој во тоа време беше претседател. Го гледам и него, после толку плукање еден со друг сега бистри политика низ скопските улици и кафулиња со Стевче Јакимовски (кој патем изгледа само тој му остана верен пријател) со кого може да седне, да пие кафе и да си искаже маките. Каков крај, јад чемер, патетика, три во едно…еј со Стевче. Кошмар… А маките, навјасале, надошле и се се поголеми. Веќе не само што не е во центарот на вниманието, туку полека, но сигурно избледе како стара колор фотографија. Сакајќи да го уништат самите се уништени. Или што би рекол некогашниот наредбодавател за уништување на Љубчо Георгиевски како политичар – „на лагата и се кратки нозете, порано или подоцна вистината ќе си исплива на површина, таа е како шило, ќе боде лево, десно, напред, назад и на крајот ќе исплива на површина.“ И еве ја, навистина исплива на површина!

 

 

Човекот кој и двајцата (Груевски и Додовски) ги измисли и промовира на своја лична сметка, полека но сигурно е баран не само од страна на Мицкоски (кој јавно дава изјави дека сака да го види Георгиевски назад во ВМРО-ДПМНЕ) туку и од Влатко Ѓорчев (за кого патем Додовски во една изборна кампања се обидуваше да го потцени и велеше дека единствено нешто што успеал да смени во третата ИЕ како носител е само неговата фризура – кратењето на репчето). За разлика од нив првиот претседател и основач на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски не само што ужива се поголема поддршка за враќање во ВМРО-ДПМНЕ, туку истиот ужива поддршка и за големо враќање на македонската политичка сцена и кај народот.

А селските и малограѓански финти на Груевски кој се вртка по скопските улици со Јакимовски кој пак го нарекуваше “лопатар“ и “транзиционен политичар“ во минатото веќе не проаѓаат нигде, па ниту во самата ВМРО-ДПМНЕ, а реалноста и вистината е дека – Груевски остана сам! Од друга страна, Мицкоски има историска шанса да ја ослободи ВМРО-ДПМНЕ од себичноста, самољубието и болната нарцисоидност на неколкумина кои ја узурпираа партијата! Тој има историска шанса да го обедини ВМРО и многу добро знае дека токму Георгиевски е вмровска икона кој може да биде од исклучителна важност на тој пат во овие тешки времиња за партијата, во овие тешки времиња за Македонија и Македонскиот народ!

 

 

 

 

Познавајќи го за каков демократ и човек станува збор, можеби, ако се одважи и отиде да побара ПРОШКА за сите (не)дела на погоре споменатите, Георгиевски и ќе ви прости “во пакет“, но никогаш нема да Ви заборави! Нема да ви заборави за ВМРО, нема да Ви заборави за Македонија! Исто онолку колку што нема да Ви заборави и (за) Македонскиот народ кој го доведовте на чекор од бездната!!! Мицковски, бремето на неумната, неодговорна и уништувачка политика на некои политиканти, можеби и некоректно и незаслужено падна врз тебе. Не ги бираме ние настаните и моментите, самите едноставно навалуваат и притискаат со сета жестина и сила. Ти решаваш!

 

Пишува: Благој Димитровски

Порталот Поглед се оградува од ставовите на своите читатели

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*