Јадранка Костова му одговори на Миленко околу шпекулациите за продажба на “Фокус”

По повод шпекулациите за евентуална продажба на “Фокус” со своја колумна излезе Јадранка Костова

“…Ќе ги земам како илустрација одредени шлапатерања за „Фокус“. Деновиве бевме шашардисани во редакцијата од зголемениот интерес на пријателите дали неделникот е продаден! Обично одговарав- да „Фокус“ се продава, ама низ трафиките. Купувачи се нашите читатели. Арно ама, ме просветлија дека „веста“, авторство на Миленко Неделковски, била дека „Енвер Малиќи и Боки 13 го купиле Фокус“. Боже, која дилајла

Ете, една реченица од ваков егземплар добила такви димензии! Она што особено згрозува е што горенаведениот уште допишал, внимавајте: „Никола Младенов се превртува во гроб“! Бре, кој се насекирал за имиџот на Никола!? А за имиџот на Миленко ќе наведам неколку вакви негови „ексклузивки“ токму за Никола и за Фокус.

Кон крајот на 2011 година, кога стартуваше дневниот Фокус, истиов „истражувач“ разоткри невидена криминална мрежа за весникот на Младенов. Море парите за дневен Фокус доаѓале преку банка во Крит, ама биле под опсервација на „меѓународните власти што се борат против перење пари“. Па споменуваше „пари на црно. Поминаа 7 години, а од овие миленикови рекла-казала „откритија“, нели „под опсервација на меѓународните власти“, не бидна ништо.

Пред приближно две години, следува чичка нова верзија. „Фокус“ го купил Вицето, па оние што се информираат „од социјалните мрежи, роднини и пријатели“, гуслаа за неделникот во сопственост на кланот Заеви. И пази сега, најновата „вест“ е дека „Фокус“ го купил Малиќи и Боки! Ако сакате логично да ги следите мисловните акробации на Миленко, тогаш Вице Заев им го продал Фокус на нови газди! Ама изгледа Вицето е во ред што го „купи“ весникот, бидејќи тогаш не спомена авторот ништо за гробот на Никола!”

Целиот текст прочитајте го на Фокус

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*