Јанчев ја посети Отворената забавна фудбалска школа: Oпштината се труди како сите сектори, така и спортот, да го покрене на едно повисоко ниво

На Градскиот стадион „Тиквеш” во Кавадарци се одржува Отворена забавна фудбалска школа, па кавадаречките основци деновиве наместо да го поминуваат времето пред компјутер, играат забавни игри.

Школата, што ќе биде отворена до утре, денеска ја посетија градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев и претседателот на Советот на Општина Кавадарци, Ристо Сакалиев.

-Чувството е преубаво, задоволство е да се биде меѓу овие околу двеста насмеани ученици, кои се рекреираат, забавуваат и социјализираат, истакна Јанчев, наведувајќи дека општината се труди како сите сектори, така и спортот, да го покрене на едно повисоко ниво.

Цено Александровски, координатор на Школата, рече дека тоа, меѓу другото е и начин да се откријат нови таленти.

– Кавадарци може да се пофали со бројни таленти. Ова е празник за очи. Веќе 19 години на ваков начин децата се забавуваат, рекреираат и социјализираат, нагласи Александровски.

Организатор на настанот е организацијата „Отворени забавни фудбалски школи”, во соработка со кавадаречката локална самоуправа.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*