Јанева: Доколку откриеме разговори и за функционери на СДСМ ќе водиме борба против криминалот

Ние ги анализираме се уште разговорите што се во наша сопственост од како ни се предадени од господинот Заев.

Моментално овие се докомплементирани истраги, со документација за претставници од ДУИ. Знаете дека СДСМ не беше на власт, немаше свои функционери, освен во Струмица каде Заев беше градоначалник.

Што се однесува до премиерот Заев има негово незаконско прислушување во 2014 година, но тој тогаш веќе не бил градоначалник, така да не сме откриле други разговори, но доколку откриеме, ќе водиме борба против криминалот и нормално не водиме селективна правда против криминалот во Република Македонија, вели СЈО Катица Јанева во „Само Вистина“ на Канал5.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*