7.8 C
Skopje
Thursday, April 18, 2024
Платено политичко рекламирање

Карлеуша беше луда по него, а тој ја откачи без пардон – и беше прва невозвратена љубов

Откако се појави на јавната сцена, популарната српска пејачка Јелена Карлеуша не престанува да биде во центарот на вниманието сегде каде што ќе се појави. Таа е единствена и своја и знае секогаш да биде во тек со трендовите. Со своето однесување, изјави и настапи го оправда надимакот „мала од скандала“, која го доби од хит песната „слатка мала“ која е снимена во 2005 година.

Меѓутоа постои еден маж кој не и ја возврати љубовта. Станува збор за пејачот Жељко Сашиќ, во кој Јелена била заљубена уште како тинејџерка. Верувам дека оваа приказна е многу смешна за него, исто како што ми е сега и мене. Жељко е прекрасен човек, но мојот вкус драстично се промени од тогаш кога имав четиринаесет години. Сите тие во кои бев „заљубена“ во детството беа убави момчиња. Сите ми беа возвратени освен од пејачот Сашиќ кој во тоа време беше постар од мене, вели Јелена и притоа додава:

Тука го доживеав првото љубовно разочарување во животот, но и ја разбрав пораката – за љубов треба да се борите. Не можам да кажам дека се срамам од нешто, повеќе би сакала да кажам дека сум била луда поради некои луди времиња кои нормално сум ги поминала во минатото. Веројатно тоа си го прави самото детство, самата незрелост на тие години што е и нормално. Родителите ми пружија убаво и мирно детство, но едвај чекав да пораснам и да бидам голема.

Сонував за тоа да станам врвна пејачка, популарна личност која сите ќе ја знаат, а која ќе плени со своето присуство. И успеав. Можам слободно да кажам дека мојот сон е остварен. Јас сум доказ дека соништата се остваруваат, рече пејачката. И ден денешен Карлеуша знае слатко да се насмее кога станува збор за нејзините авантури од тинејџерскиот живот, за кој како што вели, е најоткачениот бидејќи тогаш се ти е интересно.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави