Кики Роналдо си ја отвори душата и вели: Поради Перез и следниве причини заминав од Реал

Португалската супер ѕвезда, Кристијано Роналдо во текот на летниот преоден рок одлучи да си замине од Реал Мадрид и да му се посвети на нов предвизвик и патување со калчолигашот Јувентус.

Оваа одлука и потег на Роналдо беше изненадувачки и шокантен за голем дел од навивачите на „кралевите“ кои во него гледаа пример, херој, човек кој е клучен за нивната екипа. Меѓутоа по се изгледа Кристијано си имал мака на „Сантијаго Бернабеу“ и тоа сега отворено го призна за францускиот магазин „Франс Фудбал“. Тој го обвини првиот човек на клубот, Флорентино Перез како виновник за заминувањето од шпанската престолнина по скоро една деценија.

-Флорентино Перез никогаш не ме гледаше на друг начин освен како дел од бизнисот. Работите кои ми ги кажуваше, никогаш не беа од срце. Постигнав многу добри работи во Реал и имав многу неверојатни моменти со многу вредни соиграчи кои секогаш ќе ги паметам. Исто така, секогаш ќе се сеќавам на навивачите, но мислам дека по девет години беше време за промена на клубот. Почувствував внатре во клубот, особено од претседателот дека не сметаат на мене како на почетокот. Претседателот гледаше на мене како да не сум веќе неопходен за нив, -истакна Роналдо кој ја отфрли тезата дека парите го натерале да потпише за Јувентус.

-Ако ова беше за пари, јас би се преселил во Кина каде што би заработил пет пати повеќе од тука или во Реал Мадрид. Не дојдов во Јувентус за парите. Јас го имав истото во Мадрид, ако не и повеќе. Разликата е во тоа што во Јувентус навистина ме сакаа. Тоа јасно ми го кажаа. Тие ми покажаа колку сакаа да ме имаат во нивните редови, -рече Португалецот за „Франс Фудбал“.

Извор: Дерби

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*