Колев до Најдовски: Не е 903, туку е 2018 год., светот се качи на месечината а вие уште не труете со приказни

Ништо на светот не може да ми го порекне моето право на самоопределување. Идентитетот е мое чувство, а за историјата треба да се занимаваат историчарите, а не премиерите на државите. Доста беше од тоа.

Престанете да не труете, вие треба да седнете и да се борите со аргументи, да докаже дека сте во право, му рече Колев на Ицо Најдовски во гостувањето на Отворено студио на телевизија Алфа.

Вашето право на слободен говор е гарантирано и не може никој да ви го редивира. Излезете и спорете со аргументи, доста беше ова, сега сме 2018 година, не 903 година. Луѓето се качија на месечината, а вие уште не занимавате со вакви прашања кои само не враќаат 100 години назад.

Петар Колев го праша Ицо Најдовски зошто е против лустрацијата и што мисли за истата. Најдовски избегнуваше да го одговори ова прашање.

Бидејќи Ицо Најдовски постојано зборуваше за договорот со Бугарија и прашуваше зошто имало потреба од истиот кога двата народи немале заедничко минато, Колев му постави неколку прашања за Илинденското востание и Борис Сарафов на кој историчарот Најдовски не даде конкретен одговор односно поставуваше контра прашање без притоа да одговори на истите.

Нашата историја си е наша историја. Оној дел што е заеднички може да биде разгледан, вели Колев и притоа додава дека историчарите тоа треба да направат, а не политичарите бидејќи тие се должни да го кренат економскиот стандард и да придонесат за поквалитетен живот на граѓаните, додаде Колев.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*