Колев: Потребна е широка коалициона влада, со премиер кој не е задолжително да биде од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со активностите во Собранието на Република Македонија ја компромитираат идејата за ЕУ и НАТО-изјави Петар Колев, лидер на Граѓанско демократската унија во емисијата 24 анализа на тв 24.

Тој додаде дека со одредени постапки на политичарите ги довеле граѓаните да се прашуваат за што ќе им се ЕУ и НАТО, кога проблемите во државата се решаваат на балкански начин, со сомневања за тајни преговори и договори.

Колев изјави дека неговата партија веднаш после неуспешниот референдум побарала брзи предвремени избори и дала предлог за решавање на кризата преку германскиот модел: широка коалициона влада, со премиер кој не би било задолжително да биде од СДСМ, спроведување на попис на населението, прочистување на изборниот список и смена на изборниот модел со една изборна единица и отворени пратенички листи.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*