Колку тежат бугарските политичари? Захариева е најбогатиот вицепремиер

Министерката за надворешни работи на Република Бугарија која во последниот период е особено популарна и во Република Македонија поради потпишувањето на договорот за добрососедство меѓу двете земји Екатерина Захариева води кога станува збор за богатството на бугарските политичари односно вицепремиерите. Во 2017 година нејзиното семејство пријавило куќа со двор во Софија. Во самиот договор не е посочена цената на куќата. Наместо тоа Захариева вметнала цена по договор за изградба – 174 118 лева.

Захариева декларирала, дека нејзиното семејство закупило над 9 декара земјоделска земја во Грција, за 234 700 лева. Нејзиниот сопруг Ангел има пријавено односно држи во банка 57 000 евра, 37 000 долари и 16 000 лева.

Минатата година и Красимир Каракачанов пријавил ново земјиште односно живеалиште. Тој со сменил својот апартман за друг, кој е поголем. Објавил, дека новото живеалиште чини 528 546 лева и подигнал кредит од 70. 000 лева за да го доплати. Тој и неговата сопруга Росица имаат влогови за 50 000 лева.

Премиерот на Република Бугарија Бојко Борисов има впишано 53 260 лева парични средства. Претседателот Румен Радев пријавил 8000 лева од плати и 14. 600 лева на депозит исто така од плати.

За разлика од премиерот и претседателот, европратениите успеале да заштедат меѓу 150 000 евра и 570 000 евра од плати. Со најдобра заработка се двајцата пратениците на БСП во Брисел – Андреј Ковачев, Андреј Новаков, Емил Радев и Ева Маидел од Герб.

ФОТО Андреј Ковачев

Андреј Ковачев кој веќе два мандати е Европарламентот објавил дека заштедил 570 178евра од плати, одделно има 53 550 долари. Ева Мајдел со 241 758 евра влог, нејзиниот сопруг Николас и подарил стан и куќа со двор во Австрија, како и куќа со двор во Шпанија. Андреј Новаков објавил дека има 232 475 евра заштедени од плата

Емил Радев има 305 699 лева влог.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*