Коѕијас доби нови закани по неговиот живот

Заканувачки телефонски повик добил денеска поранешниот министер за надворешни работи на Грција Никос Коѕиајс поради неговиот предлог за контрола на тајните фондови, соопштуваат од неговото движење „Прато“, јави дописничката на МИА од Атина.

Радиото „Њуз247“ откри дека непознат маж му порачал на Коѕијас дека ќе биде егзекутиран.

– Познатите – непознати, парадржавата на политичкиот живот, денеска телефонски му се заканија на Никос Коѕијас, само неколку часа по неговиот предлог за контрола на тајните фондови на сите министерства, како што е Министерството за одбрана, за внатрешни работи, а особено Националната разузнавачка служба, соопштуваат од „Прато“ и додаваат дека „претседателот на движењето не се уценува и не се плаши“.

Паралелно ги повикуваат полициските и судските власти итно да реагираат и да ги уапсат оние кои стојат зад заканите кон Коѕијас.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*