6.8 C
Skopje
Thursday, April 18, 2024
Платено политичко рекламирање

Легендата која остави траг во македонската фудбалска историја замина од овој свет

Еден од најголемите фудбалски имиња во македонските фудбал, Благој Истатов почина денес на 71-годишна возраст. Информацијата ја потврди и неговото семејство.

Истатов во кариерата настапуваше за Беласица, Победа, Партизан и Утрехт, а бил тренер и на Беласица и уште неколку македонски прволигашки тимови. Исто така бил тренер и на голманската селекција на Македонија.

По завршувањето на фудбалската кариерата се посвети на тренерската работа. Во еден период работеше со голманите од македонската репрезентација, а потоа се вклучи во работата на ФФМ како член на Управниот одбор.

Тој беше сопственик и на еден од најдобрите домашни спортски комплекси во Дојран кој е подготвителен центар за голем број фудбалски екипи.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави