Лидерска средба

За гарантирана успешност на лидерската средба која е од особено значење за Република Македонија во секој поглед на нејзиното егзистирање како правен субјект предлагам до учесниците за да се спречи било какво лиферување на информации од типот дека некој барал помилување за некого или дека некој предлага да има непринципиелно прашање на самиот референдум, следната средба да оди со јавен пренос за да може јавноста да оцени зошто и поради што не може да дојде до договор. На средбата како неми набљудувачи без право на збор може да присуствуваат и амбасадорите чии земји го составуваат Советот за безбедност при ООН или пак земјите од Г-8 за да може и меѓународната јавност да утврди кој пат сакаат политичките лидери од државава да го фатат и да нема во иднина дополнителни забелешки и да се спречи секакаков сомнеж за нивно мешање во внатрешните работи на Република Македонија. Нека види јавност за принципиелноста на предлозите зошто избор на ДИК, техничка Влада пред секој изборен процес по теркот на Пржино, конструкцијата на референдумското прашање, предвремени избори и слично не е нешто од што треба да биде изоставена јавноста, воедно јавноста ќе знае на кој лидер да му ја даде довербата на следните избори, а партиите ќе знаат дали лидерот и мисли добро на државата и народот, па и на партијата или ќе работат за негова смена од партиското кормило .

Пишува: Стево Насковски

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*