6.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

Македонска работа – крадци ги „оперирале“ автомобилите завеани од снегот

Во изминатите неколку денови цела територија на Македонија е под снежна покривка, огромната количина на снег направи неколку проблеми, од кои најголем е оној во сообраќајот.

Многу патишта во државата беа завеани од снег, поради што сообраќајот воопшто не се одвиваше или беше во прекин. Во целата ситуација имало и мали сообраќајни несреќи, поради што многу луѓе биле приморани да ги остават автомобилите крај патиштата.

Сето тоа го искористиле група крадци на патот Битола – Прилеп, каде повеќе автомобили останале без гуми, имало и скршени стакла, што сведочи дека арамиите направиле пустош.

Од полицијата во Битола истакнале дека немаат пријави од сопственици на автомобили за кражби, но исто така од екипа на терен бил фатен крадец кој се обидува да ограби автомобил.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -