6.8 C
Skopje
Thursday, April 18, 2024
Платено политичко рекламирање

Maсакар над животните: Три лава обезглавени во Јужна Африка

Јужноафрканската полиција соопшти дека ловокрадците обезглавиле три лава и им ги одсекле шепите, најверојатни поради употреба во традиционалната медицина.

Потпаролот на полицијата Моатсе Нгупе кажа дека во ловиштата во регионот Лимпопо, лавовите прво биле нахранени со отровно месо а потао измасакрирани. По неговите зборови ловокрадците до паркот каде што биле лавовите дошле сечејќи ги трите безбедносни огради.

Лешовите се најдени во среда, а полицијата ги нашла крвавите траги до главниот пат. Традиоционалните исцелители во околината се спремни да платат високи цени за ретките состојки. Сопственикот на ловиштето Андре де Ланге истакна дека  ова е втор пат во последните шест месеци да неговиот парк биде мета на ловокрадци.

 

 

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави