Мијатовиќ ги подгреа гласините за големо враќање Мурињо во Реал Мадрид

Поранешниот фудбалер и спортски директор на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ за шпанските медиуми зборуваше кој би можел да се врати на „Бернабеу“ ова лето.

Реал Мадрид има турбулентна сезона, ќе се обиде да го поправи впечатокот со освојувањето на Светското клупско првенство.

Сезоната ја започнаа со Јулиен Лопетеги, но после катастрофалните резултати тој беше отпуштен, а него го наследи Сантијаго Солари.

Солари беше доведен како привремено решение, но подоцна потпиша договор до 202 1 година, но подоцна следуваа катастрофите против Еибар и ЦСКА Москва што повторно го актуелизираше прашањето за нов тренер во Реал.

Мурињо посебно после отказот во Манчестер Јунајтед е еден од кандидатите.

На оваа тема сега зборуваше Предраг Мијатовиќ.

„Не знам колкави се шансите во проценти, но постои голема веројатност. Зошто го кажувам тоа? Бидејќи Флорентино го обожава Мурињо и мислам дека го контактира секогаш кога ги менува тренерите. Внимавајте, постои голема можност“, изјави Мијатовиќ.

Мурињо го предводеше Реал Мадрид од 2010 до 2013 година освои една титула во Примера и еден шпански Куп.

Извор: Sportski.mk

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*