Милан го „краде“ триото на Челси – Гатузо добива одлични засилувања

Медиумите во Италија пренесуваат дека од таборот на Милан ја разгледуваат опцијата да донесат дури тројца фудбалери на Челси во своите редови.

„Росонерите“ имаат големи проблеми во одбраната со оглед на фактот што неколку стандардни првотимци се повредени и ќе ги нема долго време во составот.

Затоа, Леонардо во јануари ќе се обиде да ги договори трансферите на Гери Кејхил кој би пристигнал за симболична сума, како и Кристенсен кој би дошол на „Сан Сиро“ како позајмен фудбалер.

Третиот играч за кого ќе се распрашаат од Милан е шпанскиот интернационалец Францеск Фабрегас.

Сите тројца фудбалери речиси и воопшто да не добиваат шанса за настап од Маурисио Сари оваа година.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*