6.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

Мицкоски: Се спремаме за избори и ниту Јанчев, ниту Рангелова ќе бидат разрешени

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски категорично ги демантира неофицијаните информации и пишувања во медиумите дека попладнево на седница на Извршниот комитет ќе бидат разрешени потпретседателот Митко Јанчев и Даниела Рангелова, претседателката на Унијата на жените.

Лидерот на опозициската партија за „Плусинфо“ оценува дека станува збор за шпекулации зготвени во кујната на социјалдемократите и јалов обид за дефокусирање на македонската јавност од суштинските проблеми во државата и од фактот дека референдумот беше неуспешен.

– Најостро демантирам дека на седница на Извршниот комитет ќе се случи какво било разрешување во партијата. Ниту сум помислил, ниту планирам да има такво нешто. Ние се подготвуваме за избори и немаме намера да се занимаваме со шпекулации на кујната на СДСМ по неуспешниот референдум. Јас како претседател и како човек во ниту еден момент не сум помислил на такво нешто.

Со Јанчев имам добра комуникација, токму утрово со него разговаравме – вели Мицкоски и додава дека станува збор за редовна седница на Извршниот комитет на која партијата планира да ги заокружи подготовките за претстојните предвремени парламентарни избори.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -