Моника Ристеска се огласи со порака од затворот во Шутка (ФОТО)

Активистката Моника Ристеска доби 30-дневен притвор, откако претходно беше изведена пред судија на претходна постапка.

Таа вчера беше спроведена во затворот Скопје (Шутка), каде ќе ја чека жалбената постапка пред кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 Скопје.

Моника Ристеска е еден од најактивните активисти за легализација на канабисот и негова широка употреба во медицината. Вчера при претрес во нејзиниот дом полицијата пронајде 30 мл. масло од канабис и 15 гр. канабис.

Во изминатите неколку месеци, Моника беше особено активна на социјалните мрежи, кога со мобилен телефон во рака и со видео во живо, се шеташе низ улиците во Скопје, пушеше џоинт и објаснуваше зошто треба да биде легализиран канабисот,

Нејзините постапки беа од многумина осудени, но голем дел од јавноста и се согласува дека канабисот, како во многу други земји од Европа, треба да биде легализиран и кај нас.

Моника исто така, во повеќе наврати укажуваше и на фактот дека маслото од канабис кое се продава во аптеките е со многу послаб квалитет. Моника неретко знаеше да објави видео во кое таа во домашни услови подготвува масло од канабис, за кое тврдеше дека е она вистинското, со лечебни способности.

Моника синоќа, доцна вечерта на својот профил на социјалните мрежи напиша:

“Не ме барајте, во притвор сум 30 дена!”

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*