МПЦ И ВМРО СО ИСТ СТАВ: Граѓаните да си гласаат како што си сакаат!

Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, денеска излезе со став дека граѓаните на референдумот треба да гласаат по сопствено уверување.

МПЦ-ОА смета дека граѓаните на Република Македонија се политички зрели и оти на претстојниот референдум слободно по свое сопствено уверување ќе го остварат своето демократско право на избор.

– Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија ја изразува својата доверба во политичката зрелост на граѓаните на Република Македонија, кои на престојниот референдум, слободно и по свое сопствено уверување ќе го остварат своето демократско право на избор, се вели во соопштението од Синотот од неговата денешна редовна седница.

САС на МПЦ-ОА на седницата ги разгледал и тековните црковни активности, а особено внимание обрнал за последните подготовки околу престојниот Архиепископски црковно-народен собор, кој ќе се одржи на денот кога е одржан историскиот собор пред 60 години и кога МПЦ-ОА го празнува Соборот на сите македонски свети, од 5 до 7 октомври 2018 година.

Исто така, Светиот Синод ја разгледал работата на воспитно-образовните институции на МПЦ-ОА, извештајот од матурските и приемните испити и почетокот на новата учебна година.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*