Мурињо: Титулата на Раниери е повредна од сите мои титули во Челси

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо верува дека освоената титулата на сега веќе поранешниот тренер на Лестер, Клаудио Раниери е поголем успех отколку целиот негов успех додека бил во Челси.

„За мене отказот во Челси значеше и почеток на нова етапа, со Клаудио ќе биде исто. Такви нешта се случуваат на тренерите и нема потреба да се прави драма околу тоа“, изјави Мурињо.

Португалецот направи и анализа помеѓу неговото заминување од „Стемфорд Бриџ“ и отказот на Раниери од Лестер.

„На мене ми помогна фактот дека навивачите на Челси беа благодарни за тоа што го направив за клубот. Клаудио за Лестер направи и многу повеќе. Неговиот поход до титулата во Премиер лигата е повреден од сите мои титули со Челси. Навивачите на Лестер и после 50 години, ќе зборуваат за него“, додаде Мурињо.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*