Над 71.000 луѓе се хоспитализирани во Јапонија како резултат на топлото време

Поради горештините, кои ја зафатија Јапонија, рекорден број жители биле примени во болница од мај до август, соопшти днеска Министерството на внатрешни работи и комуникации.

Според податоците на министерството, во последните три месеци 71.266 луѓе биле хоспитализирани од топлотен удар, што е за 15.000 повеќе од претходниот рекорд, од летото 2013 година.

Минатата недела 13 лица починаа, а 13.575 беа примени во болница поради топлината, која ја зафати целата територија на државата. Во повеќето региони живата на термометарот се задржа на 34-35 степени Целзиусови, а во некои области често се фиксираат температури од 40 степени.

Повеќето од настраданите се возрасни луѓе, кои често не следат колку време се наоѓаат на улица или не вклучуваат клима уреди во своите домови од економски причини.

Миналата година горештините во Јапонија однесоа 44 животи, а десетици илјади завршија во болница.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*