Навики кои се одлика на речиси секој македонец

1. Македонците  користат ракија за сè! Сигурно пиете, но ако ви е затнат носот? Ракија. Убод од комарец? Ставете ракија. Сакате да ги исчистите прозорите на вашиот автомобил? Користете ракија. Имате мала рана? Ставете ракија на неа.

2. Македонците секогаш ќе прашаат колку нешто чини. Имате нов часовник? Колку пари е тоа? Нов автомобил? Колку чини? Се чини дека е ова е многу важно прашање.

3. Сѐ се врти околу храна. Главното прашање на денот: што има за ручек и вечера? Исто така, тие сакаат само да зборуваат за храна.

4. Поради некоја причина сосема е нормално да има теписи насекаде, и тие доаѓаат во сите облици и големини. Дури и во кујната можете да најдете теписи.

5. Секој има прекар, некогаш тој прекар воопшто не звучи како нивното вистинско име. Но, повторно, повеќето Македонци не се многу креативни со имиња. Најчести имиња се Александар и Ана.

6. Тие секогаш се жалат дека немаат пари, но сепак сите кафулиња се секогаш полни.

7. Промаја е изум во вашата куќа и според постарите генерации, ова дефинитивно ќе ве разболи и е многу лошо за вас ако не ги затворите прозорците и вратите!

8. Тие не те разбираат кога ќе кажете: јас сум прејаден. Особено бабата во оваа земја ќе ве тера да јадете и нема не за нив.

9.Тие целосно се менуваат кога влегуваат во автомобилот. Македонците се генерално многу фини луѓе, но тие возат како ненормални.

10. Тротоарите се користат за паркирање наместо одење.

11. Не служат торта на почетокот на роденденската прослава. Парче торта се сервира на крајот од роденденската забава и откако гостите ќе изедат парче торта заминуваат дома. Во Холандија тоа е всушност обратно.

12. Кога Македонците ве канат во своите домови, секогаш носете закуски, или слатки или соленки, дури и кога одите кај вашите пријатели дома. Тоа е како некое непишано правило на благодарност за нивното гостопримство.

13. Бурек со јогурт се смета за добар појадок според Македонците.

14. Не бидете изненадени кога ќе видите дека постарите генерации можат да го разберат шпанскиот јазик. Во минатото тие гледале шпански телевизиски емисии и го научиле јазикот. Денес се чини дека сите гледаат  турски телевизиски серии, кои се сериозно многу лошо синхронизирани.

15. Речиси 40% од населението во Македонија ги троши своите последни пари за обложувалници. И можете да најдете околу 800 обложувалници … Тоа е мнолу лудо имајќи предвид дека живеат само 2 милиони луѓе!

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*