Неколку пати е враќан во живот, но за жал им подлегна на повредите – лекарите од КАРИЛ се бореа за животот на Николаs

Дваесет и едногодишниот Н.С. кој на 29 јуни физички беше нападнот од три машки лица на автобуската постојка на бул. „Александар Македонски“ во Скопје, во 8 часот на Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување-КАРИЛ им подлегна на повредите.

Раководителот на Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување-КАРИЛ, доктор Маја Мојсова изјави дека момчето било донесено во Ургентниот центар со немерлив притисок и со слаб пулс.

– Откако е почната срцева белодробна мозочна реанимација е пренесено во КАРИЛ во многу тешка состојба со многу тешки повреди на мозокот и со многу тежок исход. На неколку пати е враќано во живот, но за жал подлегна на повредите, додаде доктор Мојсова.

Извор: Сител

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*