Николоски до Владата: Не го зголемувајте рамниот данок од 10%

Оваа влада доби идеја да ги зголемува персоналниот и данокот на доход, мерка со која се директно засегнати токму младите фриленсери и ИТ-девелопери. Не смее да се дозволи младите што одлучиле својата кариера да ја градат токму во Република Македонија, поради даночните зголемувања да ја напуштат државата или да го изиграат законот преку пријавување помал приход, со што наместо повеќе пари во буџетот ќе се слеат помалку, пишува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски за Независен.

-Државата, наместо апсурдни мерки, треба да им понуди на младите нови даночни олеснувања, посебно на популарните фриленсери, софтвер-девелопери, програмери на компјутерски игри или апликации за мобилни телефони кои тоа го прават за извоз и надворешен пазар. Со извоз на вакви апликации и проекти младите внесуваат додадена вредност во Македонија, а со тоа ја придвижуваат и економијата. Никако не смее да се дозволи зголемување на данокот на добивка од десет отсто и персоналниот данок од десет отсто. Напротив за младите кои работат во ИТ-секторот и се во брачна заедница и имаат барем едно дете данокот треба да биде намален на осум отсто, со што би се помогнале младите брачни заедници и својата иднина ќе ја гледаат во Република Македонија и ќе се намали одливот на мозоци. Спречувањето на одливот на мозоци и заминувањето на младите мора да биде приоритет на секоја влада, младите се иднината на државата, потенцира потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*