Ниту Орце Камчев нема да куртули: СЈО упадна во неговите фирми рано и кога никој не очекува

Обвинители од Специјалното јавно обвинителство утринава во 6 часот влегле во сите фирми на бизнисменот Орце Камчев, потврдија неофицијално од СЈО за САКАМДАКАЖАМ.МК.

СЈО врши претрес во седиштето на „Орка холдинг“ и во други фирми надвор од Скопје, врз основа на судска наредба. Акцијата е со асистенција на Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција на МВР, велат неофицијално од СЈО, но не кажуваат за какви сомневања станува збор, односно какви кривични дела истражуваат со инспекторите од организиран криминал од МВР.

Нема информации во моментов додека трае претресот ни дали се врши заплена, а ни дали е некој уапсен.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*