Тинејџерка направила колачи од пепелта на својата баба, потоа направила нешто што ќе ве шокира
Арсовски: Заев ја губи поддршката, Пендаровски ќе биде поразен и затоа ги фаќа паника
Груевски е отсутен: Генералната секретарка Иванова предизвика смеа во Собранието
Костадинов: На 5 мај граѓаните ќе изберат вистински претседател кој ќе води напред кон ЕУ и НАТО
Мухамед Зекири: Во Македонија ќе има ЖИВОТ, нема да има војна!
Ќе ве насмее до солзи: Урнебесни вицови раскажани од единствениот Игор Џамбазов (Видео)
Видео: Карлеуша раскажува виц за плавуши
Херој на векот: Бебето чие срце престана да чука 22 минути, го прослави својот прв роденден (Фото)
Заев: На овие избори бираме татко, а не мајка (Видео)
Менаџерот на Шабан Шаулиќ откри кога пејачот го напишал тестаментот
Ако овој хороскопски знак ви каже „те сакам“, да знаете дека лаже
Видео: Карлеуша раскажува виц за плавуши

Њујорк Тајмс: Трамп размислува да ги повлече САД од НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп размислува да ги повлече САД од НАТО, објави американскиот весник „Њујорк тајмс“ повикувајќи се на неименувани помошници на шефот на американската држава.

Трамп минатата година повеќе пати на приватни средби го поставил прашањето за иднината на САД во НАТО односно за повлекување на земјата од Алијансата.

Весникот повикувајќи се на актуелни и поранешни официјални лица, кои ја поддржуваат Северноатлантската алијанса, наведува дека Трамп би можел да ги обнови заканите ако сојузниците не се придржуваат до договорот за финансирање на Алијансата.

„Њујорк тајмс“ наведува дека Трамп, летото минатата година, пред Самитот на НАТО, пред своите советници за безбедност изјавил дека не ја гледа смислата на воениот сојуз, кој финансиски ги ослабнува САД. Тогаш советниците на Трамп, меѓу кои и секретарот за одбрана Џејмс Матис и советникот за национална безбедност Џон Болтон се обиделе да ја поддржат американската стратегија за намалување на присуството во Европа, но без да се спомнува повлекувањето од НАТО.

Според весникот претседателот на САД повеќепати повторил дека сака да се повлече од НАТО, но експертите истакнуваат дека тоа ќе „подарок на векот“ за рускиот претседател Владимир Путин.

Неименуван висок претставник на Белата куќа запрашан за плановите на Трамп ја повтори изјавата на американскиот претседател од јули минатата година, дека ангажманот на САД во НАТО е „многу силен„ и оти Алијасната е „многу важна“.

Поврзани Објави

  • Најчитани
  • Препорачани
  • Последни

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Login to your account below

Fill the forms bellow to register

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.