6.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

Од Танушевци до Брисел

Рајата може да здивне. Владата на Република Македонија почна да ги згрижува експертите од разни фели кои се стручни да ни го поедностават животот. Не мислам тука на борците за слобода кои со спиење у шатори го осетија бранот на поубав живот, добивајќи дел од колачот наречен, државна работа. Како инаку би имал смисла оној слоганон, МАМАТА У КНИШКА? Книшката мора да се негува зошто само така гладниот стомак секогаш ќе биде по полн од шупливите глави кои и понатаму се наведнуваат пред трагикомичниот филм кој ни се продава со децении.

Нашиот пат кон Европа тргнува од Танушевци. Фактор за нашата безбедност е батко Џезо. Типчето кое со гумена влечка и маскирна униформа, направи свој вилает каде врват магарињата товарани со оружје, цигари и дрога. За мир у куќа, Џезо е згрижен да лапа владина плата, пошто мирот у оваа држава не зависи од нормалните, туку од ненормалните. А кога веќе дозволивме тие да ни го кројат патот, данбетер сме и од нив. Восочни кукли.

Некогаш жалев за моите другари кои му ја здувнаа од овде. Сега им завидувам и им посакувам никогаш да не се вратат. Стандардот на оваа земја го креваат гангстери со дебел минат труд, а не глумци, пеачи, уметници. Билбордот во Скопје со Гиле и Шабан веќе не е дно. Имало и бетер. Командант Хоџа ќе ја држи безбедноста на државава у свои раце. Од Танушевци до Илинденска. Џезо и неговата компањола кои со крш Лади Ниви патролираат од Дебалде до Малина Мала.
Сега Брат Љубе и Столе ќе се покажат ко преставници на десницата во македонската влада. Ќе седат десно од Командант Хоџа и нема да дигаат џева пошо он е хуманитарен случај. Еден е од ретките кои не профитираа од срањето у 2001. Не е фер Али у власт 16 години а Џезо у полски кенеф и со магариња низ Кодра Фура.

А Америте ко наши стратешки партнери добија уште еден аргумент зошто ова државиче треба да стане нивен протекторат. Типците кои они ги редат на црни листи, ние ги шалтаме да ни пичат државна безбедност. Еби му мајката. Чичко Сем као управител на оваа вукојебина и не е така лоша варијанта. Со тексас кошуља и каобојка со мамузи. Да ни ја везе ОЈ СУЗАНА додека го креваме државното знаме кое е единственото кое нема да се развее у Мала Речица. Не беа доволно згрижени.

Автор: Булеварко

Извор: Трибуна.мк

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -