Овој човек е вистинска легенда: Барак Обама како Дедо Мраз ги израдува болните дечиња во детската болница во Вашингтон

Поранешниот американски претседател Барак Обама облечен како Дедо Мраз изненадно ја посетил детската болница во Вашингтон.

Со капа како на Дедо Мраз и вреќа на грбот, Обама ги посети болните дечиња, ги поздрави и притоа им подели подароци.

Според снимката која беше објавена на Твитер, околу стотина луѓе се собрале во болничкиот ходник и го испратиле Обама со аплауз.

“Разговарав со прекрасни деца и нивните семејства. Татко сум на две прекрасни девојчиња и сметам дека во оваа ситуација најважно е да имаат некој кој е тука за нив”, рекол Обама.

Фото

Обама на децата, покрај подароците им поделил и прегратки, а го прекрши и своето правило “без селфи” и позирал со децата и персоналот на болницата.

“Ви благодариме господине Обама. Изненадувањето кое го приредивте ги насмеа и израдува нашите деца. Уживаа во Вашето друштво и среќни се за подароците”, гласеше дел од соопштението на болницата.


Извор: supermen.tocka.com.mk

 

 

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*