12.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024
Платено политичко рекламирање

Париски аеродром евакуиран поради безбедносни причини

Парискиот аеродром „Шарл де Гол“ евакуиран поради сомнителен пакет, пишува „Дејли Меил“.

Поради сомнителниот пакет, патниците кои биле на аеродромот се замолени да го напуштат терминалот, а на лице место пристигнале полициски екипи.

Еден од патниците на Твитер објави дека зоните 15 и 9 биле потполно блокирани од страна на полицијата, а друг додаде дека се потполно евакуирани откако полицијата пронашла сомнителен пакет во терминалот 2C.

Во Франција безбедносните сили се уште се ангажирани на високо ниво откако претходно ИСИС спроведе неколку терористички напади во таа земја.

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави